„Откривме дека има недостатоци во проектот, тоа го констатирало претходното раководство, тоа не е ништо ново, лошо е тоа што е така. Меѓутоа тоа не е ништо ново кога се во прашање ваков тип на реконструкции, а и самиот изведувач го виде тоа и го констатира, сето тоа е записнички евидентирано уште во текот на летото. Тоа се тие фамозни записници кои ги споменува градоначалничката Арсовска“, рече Јанчева.
Таа вели дека проектот бил стопиран од претходниот градоначалник за да биде безбеден проектот.
Актуелната градоначалничка на Скопје Данела Арсовска пред неколку дена одржа прес конференција на која ги презентираше сите факти и записници кои се поврзани со Универзалната сала и рече дека претходниот градоначалник знаел за небезбедноста и пропустите, истото кое денеска го призна Јанчева.
Според техничката документација имало технички грешки и пропусти кое претходното градско раководство не ги отстранило и продолжиле да спроведуваат небезбеден објект.
Пред два дена Арсовска изјави дека Универзална сала ја затекнала во лоша состојба, дека средствата што претходната градска власт ги добила од Владата за реконструкција неплански и несоодветно се користеле, без притоа да се има целосна техничка документација, сигурност дека овој објект ќе биде безбеден за користење и дека нема да се урне еден ден додека во салата има многу граѓани. Таа вели дека ќе продолжи со реконструкција на објектот, но со ново техничко решение.
На ова истиот ден реагираше СДСМ. „Откако го стопираше проектот за изградба на Универзална сала и по двомесечен молк за причините заради кои го стопирала проектот, градоначалничката Данела Арсовска денес излезе со целосна лага во јавноста. Целосно е неточно дека проектот за изградба е небезбеден. Проектот е професионално сработен и одобрен низ повеќе постапки од стручни лица и целосно е безбеден“, реагираше СДСМ.
[video:https://youtu.be/pzJUC0aHelg autoplay:0]






