понеделник, 8 декември 2025

СДСМ: Арсовска лаже, проектот за Универзална сала е стручен и одобрен

Објавено на

часот

Сподели

„Самиот проект уште на почетокот е пратен на мислење на Градежен факултет од каде е одобрен и тоа одобрување Град Скопје го има. Понатаму, пратен е и одобрен и од Институтот за сеизмолошки истражувања со што се потврдува неговата безбедност и стабилност за градба. Надзорот на изградбата ги има исто така одобрено сите градежни зафати. Не постои ниедна постапка или процедура за изградба на Универзална сала која не е запазена во целост“, соопшти СДСМ.

Од партијата нагласуваат дека записници за технички решенија во тек на градба не се и не може да бидат „градежен безбедносен проблем” и да бидат оправдување за неспособноста на Арсовска.

„Јавно ја прашуваме, што се крие зад стопирање на проектот? Која е вистината, има ли бизнис интереси Арсовска и нејзиниот шеф Христијан Мицкоски од блокирањето на сите проекти започнати од власта на СДСМ? Редно е да прекинат да ја лажат јавноста и да се фатат за работа, скопјани веќе го изгубија трпението во најлошата градоначалничка која некогаш Скопје ја имало“, пишува во реакцијата на СДСМ..

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ