Синдикалниот лидер реагира

Неделков: МТСП се обидува да ги заплаши вработените во градинките, но зад нив стои СОНК

Претседателот на СОНК Јаким Неделков утрово преку Фејсбук соопшти дека секојдневно Министерството за труд и социјална политика (МТСП) се обидува да ги заплаши вработените во градинките кои штрајкуваат.  дека зад нив стои Синдикатот. Во сите времиња, зад секоја бура, зад вас стои синдикатот, им порача Неделков на вработените во градинките и на сите кои штрајкуваат во образованието.

„Четврти ден од почетокот на штрајкот во градинките и училиштата, без понуда за зголемување на платите. Наместо наоѓање на решение на проблемот, МТСП врши обид да ги заплашува штрајкувачите во градинките со разноразни дописи. Почит и поддршка до сите вработени во градинките и училиштата кои се во штрајк и препорака да го прочитате текстот од химната на СОНК. Се ви е кажано“, напиша Неделков.

Синдикалниот лидер Јаким Неделков вчера за МКД.мк изјави дека особено Министерството за труд и социјална политика секојдневно врши притисоци и обиди за заплашување на вработените во градинките. На сите кои штрајкуваат и во образованието им порача да не се плашат од заканите дека ќе им бидат скратени дневниците зашто, како што нагласи, СОНК солидарно ќе ги заштити.

Во продолжение на својата денеша порака преку Фејсбук Неделков го пренесе текстот на Химната на СОНК:

„Во сите времиња, зад секоја бура,
зад нас стои синдикат
за образование, наука и култура (X2)
Во сите преговори, во сите договори,
во село и во град,
СОНК е моја заштита
мојот синдикат.
Реф:
Ние сме секогаш заедно,
одиме со крената глава,
СОНК се бори! Се ќе стори!
За нашите права.
Бидете со нас! А не за нас!
СОНК е клетва и заклетва !
И под притисоци и громови чести,
решаваме проблеми,
со преговори или штрајкови
и протести.
Реф:
Ние сме секогаш заедно
одиме со крената глава,
СОНК се бори! Се ќе стори!
За нашите права.
Бидете со нас! А не за нас!
СОНК е клетва и заклетва“!

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе