Додека трае генералниот штрајк

Неделков: СОНК нема да дозволи на штрајкувачите да им се кратат дневници

Директорите на поедини училишта и на градинки им се закануваат на вработените кои штрајкуваат дека ќе им бидат намалени платите за април поради недржење на настава, но тоа тие нема да можат да го сторат и СОНК ќе ги заштити, вели во изјава за МКД.мк претседателот на СОНК Јаким Неделков. Тој нагласува дека не треба да се грижат ниту вработените кои не се членови на синдикатот, зашто СОНК солидарно ги заштитува.

„Законот за работни односи многу штуро го зел предвид прашањето за исплата на плата кон штрајкувачите, во смисла дека ќе им бидат исплатени придонесите, а не и дневници. Но, наставниците одат на работа, без оглед што не се држат некои часови, освен тоа, наставата по завршувањето на штрајкот ќе биде надоместена, така што нема причина за посегнување по ионака ниските плати на наставниците“, вели Неделков.

Тој информира дека и во изминатите години, кога се штрајкувало, постоел договор со ресорното министерство дневниците да не им се одземаат на наставниците. Неделков е убеден дека таа мината пракса ќе ја има предвид и актуелното раководство на министерстсвото.

Тој е информиран дека некои  директори на вработените им велат дека ќе им бидат намалени платите поради кратење на дневници, но и дека велат дека секако ќе добијат пониска плата оние вработени кои штрајкуваат, а не се членови на синдикатот. Неделков нагласува дека се тоа недозволени форми на притисок врз вработените кои имаат уставно право на штрајк и им порачува на вработените да не се грижат.

„Сите наставници кои пристапиле кон штрајкот со потпишување на изјава за солидарност, како и оние наставниците кои не се членови на синдикатот, но се придружиле на штрајкот, ги имаат истите права како и членството и немаат проблем. Бездруго, СОНК ќе ги заштити сите работници, и своето членство, и вработените кои не членуваат во синдикатот, но се придружиле на штрајкот“, нагласува Неделков.

Како форма на притисок тој ги оценува и дневните извештаи на Министерството за труд и социјална политика во кои се изнесуваат бројки на установи за згрижување на деца кои не се во штрајк и се изнесуваат бројки на вработени кои не штрајкуваат.

„Особено тоа министерство се покажа упорно преку дневните информации да врши притисоци и заплашувања. И дефинитивно, најголеми се притисоците во градинките, неспоредливо со состојбите во средните училишта. Но, морам да нагласам, ефектот што го прават од министерството е мал. Секој ден имаме поголем број на вработени кои се придружуваат на штрајкот“, вели Неделков.

Тој и преку изјавите за МКД.мк побара разбирање од родителите бидејќи, како што рече, наставниот кадар кој ги образува нивните деца, има недостоинствено ниски плати.

Претседателот на СОНК Јаким Неделков вели дека првично даваат согласност за покачување на платите за 18 проценти, на што треба да се согласи Владата. 

„Тоа ќе биде условот да продолжиме низ дијалог со Владата во наредниот период да ги решаваме другите тековни проблеми. А тоа се усогласување на платите со минималната плата и колективните договори, потоа потпишување на нови колективни договори за трите дејности, основните и средни училишта, како и за градинките, како и други детали“, изјави Неделков за МКД.мк.

П.Џамбазоски

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе