Зошто светот е толку опседнат со новите слики со Бред Пит и Џенифер Анистон?

Пит и Анистон изгледаа воодушевени што се гледаат на доделувањето на наградите на Еснафот на филмски актери (САГ) во неделата вечер - a интернетот зовре.

Никој нема да се сеќава на ништо од годинашнава сезона на филмски награди. Победничките филмови ќе избледат од меморијата, како и многу други пред нив. Победничките актери во следната половина деценија ќе станат тема на квиз-прашања. Никој нема да се сеќава на ништо, со еден исклучок: фотографијата на која Бред Пит и Џенифер Анистон конечно повторно се обединија.

Фотографијата е направена на доделувањето на наградите на Еснафот на филмски актери во неделата и самото нејзино погледнување предизвикува радост. Тие двајца, порано прва двојка на САД, изгледаат вистински воодушевени што се гледаат. Се среќаваат во ходник што врие од туѓинци, но се чини дека тие се единствените луѓе во просторијата.

Погледнете го тоа во контекст на некои други фотографии направени таа вечер - на една од нив е Пит, сам и восхитен, гледајќи на екран зад сцената како Анистон ја прима наградата; на друга се гледа тој како ѝ ја држи раката на Анистон додека таа се оддалечува - и станува скоро неподносливо слатка. Тоа е како поглед во некој паралелен универзум каде што тие двајца никогаш не се разделиле. Дури ги имаат и истите фризури. Прекрасно.

Којзнае каков ќе беше животот сега ако Пит и Анистон никогаш не се разделеа. Сигурно ќе бевме поштедени од милијарда насловни страници за „кутрата Џен“, но можеби ефектот на нивната среќа ќе се распрснеше и пошироко. Можеби американското расположение ќе беше толку бодро што Трамп никогаш немаше да дојде до функцијата. Можеби брегзитот немаше да се случи. Можеби во тој универзум Дејвид Боуви сè уште е жив. Никогаш нема да знаеме.

Она што го прави ова уште пошармантно е тоа што и Пит и Анистон освоија награди на САГ: Пит за „Беше еднаш во Холивуд“, Анистон за нејзината најдобра изведба во кариерата во програмата на Епл ТВ+ „Утринска емисија“. Во времето кога е направена оваа фотографија, тие беа од секој аспект рамноправни. Тие се на врвот на својата игра, и до тој момент стигнаа во точно исто време.

Останува прашањето дали Пит и Анистон ќе ја остварат оваа фотографија и пак ќе се венчаат. Затоа што, од ПР-аспект, апсолутно треба. Ако Пит победи на Оскарите следниот месец, во говорот треба да клекне на колена пред светот и да рече: „Џен, бев будала. Те молам, прими ме назад.“ Тогаш Анистон ќе потрча меѓу седиштата, со растечена маскара по лицето, и ќе прифати. Потоа ќе се бакнат и Анистон веднаш ќе забремени и ќе се породи одма тука на бината - и тогаш конечно ќе бидеме среќни.

Или пак, тоа е само фотографија на двајца победници што накратко си честитаат на шоу за доделување награди.

Гардијан

Објавено

Понеделник, Јануари 20, 2020 - 19:24

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе