Многу здрава алтернатива

Вулканскиот поздрав на Спок нека ги замени ракувањата во оваа коронавирусна ера

Живеј долго и просперирај и да си жив и здрав.

Во оваа ера полна со паники поради коронавирусот и со секојдневни нови совети, има една многу здрава алтернатива за ракувањето и бакнувањето, кои вријат од бактерии. Вулканскиот поздрав на Спок од „Ѕвездени патеки“, еден многу едноставен и хигиенски гест, кој е исто толку корисен како ракувањето и 10 пати попривлечен.

Дури и ако не сте страстен љубител на „Ѕвездени патеки“, веројатно го знаете гестот. Го измислил самиот глумец Леонард Нимој, кој почина во 2015 година. Актерот ќе ја кренел раката со дланката свртена нанапред, палецот испружен, а средниот и домалиот прст разделени. Честопати придружено со изговарање на зборовите „живеј долго и просперирај“, понекогаш спарено со зборовите, „мир и долг живот“.

Нимој за Ел Еј тајмс изјави дека бил инспириран од еврејскиот свештенички благослов, кој го импресионирал како дете. Поздравот стана толку добро познат што претседателот Барак Обама и иконата од 1960-тите Тимоти Лери, меѓу другите, го поздравиле Нимој со познатиот гест, рече тој.

Сега, кога црквите им советуваат на верниците да не се ракуваат во знак на мир, англиската кралица носи нараквици на церемониите, а политичарите гласно најавуваат дека веќе не се ракуваат со колегите, време е вулканскиот поздрав да стане наш нов поздрав.

Дури и самиот господин Сулу од Ѕвездени патеки, актерот Џорџ Такеи, го промовира поздравот.

Може да има еден проблем: не е лесно секој да ги рашири прстите како што треба. Ама и ако ви треба малку да повежбате, во добро друштво сте.

Во еден класичен стар трек-момент од оригиналната серија, доктор Меккој бара од мистер Спок да му покаже како да го направи поздравот, и е принуден со сила да ги намести прстите во вистинската позиција, па зарежува, „Ова боли повеќе од (свечената) униформа“.

А во една трогателна епизода од „Ѕвездени патеки: Следната генерација“, капетанот Пикард му помага на Сарек, таткото на Спок, кој е на умирање, да го направи гестот.

Живејте долго и просперирајте, луѓе. Ракувањето и онака е застарено и досадно.

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе