Твитот на Илон Маск за Марс го збунува интернет

Пред неколку недели добар дел од луѓето на интернет се потсмеваа со претседателот Доналд Трамп откако тој твитна дека месечината е дел од Марс.

Сега Илон Маск направи сличен гаф. Ама дали?

Во понеделникот Маск твитна слика од „Крвава месечина“, направена за време на затемнувањето на Месечината во јули 2018 година, заедно со знакот „Окупирај го Марс“.

Откако некој ја посочи очигледната грешка, Маск одговори со неколку насмевки и брзо допиша: „И Месечината“.

Некои од следбениците на Маск ја искористија можноста да се подбиваат со неговото мешање на Марс и месечината.

Но со оглед на тоа што Маск е извршен директор на прилично општо позната компанија што испраќа работи и луѓе во вселената, малку е веројатно дека тој всушност ја направил оваа грешка. Дали се потсмева со Трамп и со неговата грешка?

Веројатно никогаш нема да ја дознаеме вистината, но мора да го запамтиме неодамнешното признание на Маск дека неговите твитови се „тотална глупост“.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе