Тарантино

Трејлерот за „Си било еднаш во Холивуд“ изгледа совршено (ВИДЕО)

Трејлерот на новиот филм на Квентин Тарантино прикажува хипици, Чарлс Менсон и покојниот Лук Пери.

Деветтиот филм на Квентин Тарантино „Си било еднаш во Холивуд“ („Once Upon a Time in Hollywood“) неделава беше премиерно прикажан на Канскиот филмски фестивал. Во чест на премиерата на филмот, Сони во вторникот го објави првиот трејлер - и тој изгледа апсолутно неверојатно.

Во трејлерот, кој трае две и пол минути, се појавуваат Леонардо ди Каприо во улога на глумецот во вестерни Рик Далтон и Бред Пит како неговиот каскадер Клиф Бут.

Трејлерот почнува како комедија, го гледаме Лео како спалува неколку нацисти со пламенофрлач, но кога Далтон сфаќа дека прва комшика му е ѕвездата во подем Шерон Тејт (Маргот Роби), филмот станува мрачен.

Бут завршува на ранчот „Спан“, поранешниот сет за вестерни каде што живееше Семејството на Чарлс Менсон и планираше Хелтер Скелтер додека плетеа елеци од човечки коси.

Трејлерот завршува со злокобна снимка од тројца членови на Семејството - веројатно Текс Вотсон, Сузан Еткинс и Патриша Кренвинкел (една од нив носи нож), како одат по улица кон домот на Шерон Тејт.

Премиерата на филмот е на 26 јули, до кога ќе мора да почекаме за да видиме дали заплетот е во стилот на „Злогласни копилиња“ и дали можеби Далтон и Бут ја спасуваат Тејт и го убиваат Менсон.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе