Тојота гради „паметен град“ во Јапонија (ВИДЕО)

Компанијата „Тојота”, еден од најголемите светски производители на автомобили, го гради првиот „паметен град” во Јапонија и во светот.

Градот Плетка ќе биде сместен во близина на подножјето на планината Фуџи, ќе се простира на 175 хектари и ќе биде целосно самоуправна населба со дизајн и намена да се тестираат новите технологии како што се самоуправувачко возење, роботика и вештачка интелигенција – во реалниот свет. Прототипот на „град на иднината” ќе биде изграден од темел на местото на поранешниот фабрички погон „Хигаши-Фуџи”, којшто ја заврши својата децениска историја на производство на автомобили во декември 2020 година.

Замислата е сите луѓе во градот Плетка, како и зградите и возилата, да се поврзат и да комуницираат преку податоци во реално време и со вградени сензори. Овие врски ќе ѝ овозможат на „Тојота” да испитува и истражува како функционира напредната, најнова вештачка интелигенција и технологијата во реалниот свет, со минимален ризик.

Целосно поврзаниот екосистем на градот ќе се напојува со чисти извори на енергија како што се сончевата, водородни фосилни ќелии и геотермална енергија. „Плетка” ќе има три вида улици – за пешаци, за лица со лични возила и една за автоматско возење.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе