Кралските скандали за време на Елизабета Втора (ВИДЕО)

Додека кралицата Елизабета Втора беше постојано присутна во британскиот живот за време на нејзиниот рекорден мандат, монархињата се бореше да ги задржи приватните работи на своето семејство подалеку од очите на јавноста, обидувајќи се да избегне контроверзии.

Фото: ЕПА

И покрај тоа, кралското семејство преживеа неколку скандали за време на 70-годишното владеење на Елизабета - драма што неизбежно го привлече светското внимание. Вашингтон пост дава еден поглед наназад на некои од најголемите скандали во децениите на кралицата на тронот.

Чарлс и Дајана

Кралот Чарлс Трети, најстариот син на кралицата Елизабета Втора, со децении се соочуваше со силни критики од јавноста, а голем дел од нив произлегуваа од проблемите за време на неговиот брак со принцезата Дајана.

Чарлс, кој го наследи тронот по смртта на Елизабета минатата недела, се ожени со Дајана во 1981 година, на церемонија што беше емитувана на телевизија низ целиот свет. Во текот на следните три години Дајана ги роди принцот Вилијам и принцот Хари.

Фото: ЕПА

Но набргу потоа, јавноста гледаше како се распаѓа врската на „двојката од бајките“ преку откритијата за неверство, протечениот телефонски разговор помеѓу принцот и неговата љубовница и разделбата што по барање на кралицата се претвори во развод. 

Во тоа време јавноста ја обожаваше Дајана - која во едно интервју рече дека сака да биде „кралица на срцата на луѓето“.

Некои Британци за распадот на бракот ја обвинуваа Камила Паркер Боулс, со која Чарлс ќе се ожени во 2005 година и која сега е кралица-сопруга.

„Бевме тројца во овој брак, така што беше малку гужва“, рече Дајана во интервју во 1995 година.

Нивниот гнев кон Чарлс се зголеми кога Дајана загина во сообраќајна несреќа во 1997 година, што го шокираше светот и сите ги критикуваа реакциите на принцот и на кралицата. Поданиците на монархињата мислеа дека таа е премногу тивка, додека остатокот од светот, се чини, беше видно погоден од смртта на Дајана.

На крај, прекршувајќи го кралскиот протокол, прв и веројатно последен пат во својот живот Елизабета се поклони кога ковчегот на Дајана помина покрај неа.

Принцот Ендрју

Принцот Ендрју, третото дете на Елизабета, беше предмет на многу контроверзии, но ниту една поголема - или поштетна за кралското семејство - од откритието во 2011 година за неговото пријателство со Џефри Епстајн и Гислејн Максвел, обајцата осудени за сексуална експлоатација на тинејџерки. Една од нивните жртви, Вирџинија Џифре, рече дека Епстајн ја шверцувал за Ендрју кога имала 17 години.

Фото: ЕПА

Ендрју ги демантираше обвинувањата за сексуална злоупотреба и не е кривично обвинет. Во 2019 година, тој даде катастрофално интервју за Би-би-си бранејќи ја својата поврзаност со Епстајн, предизвикувајќи голем број организации да ги прекинат врските со него. Тој беше принуден да се повлече од јавните должности како член на кралското семејство. Еден месец подоцна, Би-би-си емитуваше интервју со Џифре, во кое таа ги опиша наводните средби со Ендрју и рече: „Тој знае што се случи. Јас знам што се случи и само еден од нас ја кажува вистината, а јас знам дека тоа сум јас“.

Во 2021 година, Џифре поднесе граѓанска тужба против него, обвинувајќи го принцот за напад. Адвокатите на Ендрју неуспешно се обидоа да ја отфрлат тужбата, а кога судијата одлучи дека процесот може да продолжи, кралското семејство се огради од Ендрју. Набргу потоа, Бакингемската палата објави дека ќе му бидат одземени воените титули и кралските покровителства и дека ќе го „брани овој случај како приватен граѓанин“.

Соопштението дојде по повеќе од една деценија скандалозни наслови и беше резултат на трескавичен обид за контрола на штетата за време на најголемата криза за Куќата Виндзор по смртта на Дајана. Во февруари Ендрју се договори со Џифре за непозната сума. Во судското соопштение од една страница, страните се согласија дека Епстајн „тргувал безброј млади девојки во текот на многу години“. Во него се вели дека Ендрју „жали за својата поврзаност со Епстајн и ја пофалува храброста на г-ѓа Џуфре и другите преживеани во залагањето за себе и за другите“.

Заминувањето на Хари и Меган

Во февруари 2021 година, Хари и Меган, војводата и војвотката од Сасекс, седнаа на интервју со Опра Винфри што ќе го запрепасти светот. Дотогаш, парот веќе ги објави своите планови да ги напуштат своите должности како членови на кралското семејство.

Кога интервјуто се емитуваше следниот месец, излегоа на виделина причините за тоа, вклучително и наводите за расизам од таблоидите во Велика Британија, како и од монархијата. Меган, чија мајка е црна, а чиј татко е бел, ѝ рече на Винфри дека во палатата се разговарало за бојата на кожата на нејзиниот син Арчи додека таа била бремена со него.

Во еден момент по нејзината свадба, Меган во интервјуто рече: „Едноставно не сакав повеќе да бидам жива“. А како одговор на нејзините барања помош, од кралскиот оддел за човечки ресурси ѝ рекоа дека ништо не можат да направат затоа што таа не е „платен вработен во институцијата“, рече Меган.

Многумина ги забележаа паралелите помеѓу скандалозните случки што ги раскажа парот и интервјуто на Би-би-си со мајката на Хари, Дајана во 1995 година, кога таа зборуваше за аферата на принцот Чарлс, за своите борби со булимијата и за недостигот од поддршка од кралското семејство.

Во интервјуто од 2021 година Хари и Меган зборуваа за третманот што го добиле од медиумите и од монархијата, што наводно потоа ги натерало да се откажат од своите кралски должности.

Фото: ЕПА

Два дена по емитувањето на интервјуто, Бакингемската палата во соопштение рече дека кралското семејство е „тажно“ што дознало за искуството на Хари и Меган.

„Покренатите прашања, особено она за расата, се загрижувачки“, се велеше во соопштението. „Иако некои сеќавања може да варираат, тие се сфаќаат многу сериозно и семејството ќе ги решава приватно“.

Запрашан за „наједноставниот одговор“ зошто си заминале, Хари одговори: „Недостиг од поддршка и недостиг од разбирање“.

Младиот Хари

Многу години пред принцот Хари да ги напушти официјалните кралски должности, неговите лудории како младо момче привлекоа интензивно внимание од печатот и неговото семејство. Можеби најнезаборавниот од скандалите на Хари беше неговиот костим на забава во 2005 година, каде што дојде облечен како нацист, во униформа со свастика на рамото.

Хари, кој тогаш имаше 20 години, беше фатен откако фотографијата направена на забавата му беше продадена на британскиот таблоид Сан, кој својата насловна страница ја наслови „Хари нацистот“. Во кралското соопштение што му се припишува на Хари се велеше: „Многу ми е жал ако некому сум предизвикал навреда или срам. Тоа беше лош избор на костим и се извинувам“.

Тој претходно беше критикуван за опијанетост на јавни места, вклучително и кавга со папарацо пред ноќен клуб, и за пушење марихуана. Тој беше принуден да оди на рехабилитација поради последниот инцидент - но само за да ги набљудува последиците од употребата на дрога.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе