Сè од Марвел, Ѕвездени војни, Пиксар, Симпсонови

Што ќе снима Дизни и кога ќе почне?

Компанијата Волт Дизни објави дека наскоро ќе понуди стриминг-сервис директно од Дизни до потрошувачите, во кој ќе ги понуди филмовите на Дизни, сите 30 сезони на Симпсонови, Пиксар и Марвел, Ѕвездени војни, па дури и некои класици во сопственост на Фокс.

Дизни го најави Дизни+ преку соопштение на својата веб-страница. Засега е закажано да се појави на американскиот пазар на 12 ноември 2019 година, за 6,99 долари месечно.

Меѓу брендовите што се очекува да се прикажат на стрим ќе бидат Дизни, Пиксар, Марвел, Нешнел џиографик и Ѕвездени војни. Покрај тоа, услугата може да се емитува преку ТВ и мобилни уреди.

„Дизни+ означува храбар чекор напред во една возбудлива нова ера за нашата компанија - онаа во која потрошувачите ќе имаат директна врска со неверојатната низа креативни содржини што го носат печатот на компанијата Волт Дизни. Уверени сме дека комбинацијата од нашето ненадминато раскажување приказни, саканите брендови, легендарните франшизи и најсовремената технологија ќе го истакнат Дизни+ на пазарот и ќе им понудат голема вредност и на потрошувачите и акционерите“, рече претседателот и извршен директор на Дизни, Боб Ајгер.

Освен содржината што веќе ја поседуваат, Дизни+ ќе лансира и „25 оригинални серии и 10 оригинални филмови, документарци и специјалки“.

Дизни, исто така, рече дека ќе вклучи и „семејни наслови од Фокс, како 'Звукот на музиката', 'Принцезата невеста' и 'Малколм во средината'“, во рамките на 500 филма и повеќе од 7.500 телевизиски епизоди.

„Многу сме возбудени поради нашето растечко портфолио на понудите директно до потрошувачот. Како што демонстриравме денес, со Дизни+ ќе овозможиме извонредна забава на иновативни начини на публиката низ целиот свет“, рече Кевин Маер, претседател на менаџерскиот тим на Дизни. „Ќе продолжиме да го подобруваме корисничкото искуство со постојан напредок на висококвалитетното програмирање, правејќи ја услугата уште попривлечна за потрошувачите“.

Услугите за стриминг на Дизни ќе бидат достапни преку смарт телевизори и стриминг-уреди, конзоли за игри, а голем дел од содржината ќе биде достапен за офлајн-гледање.

По дебито во САД, Дизни планира да почне да стримува низ целиот свет, таму каде што се достапни услугите.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе