Русија прави свој „Чернобил“, во кој за целата работа е крива Америка

Нивната верзија наводно е заснована на теорија на заговор што вели дека ЦИА ја направила хаваријата.

Крег Мејзин, човекот зад брилијантната минисерија „Чернобил“, поминал години и години во внимавање секој дел од неговата приказна да биде непогрешливо точен. Од кастингот до реквизитите до буквално тапетот во позадината, Мејзин изградил свет што е прецизно педантна и застрашувачка верзија на реалноста од 1980-тите. Секако, серијата е значајно парче историски наративен филм и едно од најголемите досегашни достигнувања на ХБO, ама не ги ставајте сите пари на еден коњ, бидејќи Русија сега прави своја верзија на Чернобил.

Со таа разлика што таа ќе биде помалку фокусирана на вистината.

Неделава Москва тајмс објави дека повеќе медиуми на Кремљ ја критикуваат серијата како „карикатура“ и дека НТВ, телевизиски канал поддржан од државата, планира сопствен ривалски филм за Чернобил. Но ова ќе биде помалку за вистинската приказна и повеќе за тоа дека... ЦИА ја предизвикала целата работа?

Алексеј Мурадов, режисер на претстојниот руски филм за Чернобил, изјави за Москва тајмс дека приказната ќе се базира на теоријата на заговор дека „Американците се инфилтрирале во нуклеарната централа Чернобил“ и најверојатно имале удел во експлозијата. „Многу историчари не негираат дека, на денот на експлозијата, во станицата бил присутен агент на непријателските разузнавачки служби“, вели Мурадов, според Москва тајмс.

Се разбира, „Чернобил“ на Мејзин не нурна во целата оваа возбудлива споредна приказна за подлите американски оперативци што преспојуваат жици и штракаат прекинувачи, бидејќи, знаете, тоа всушност не се случило. Ама тоа не е важно!

Според Москва тајмс:

„Наместо трогателна почит кон херојските мажи и жени што жртвуваа сè за да се надминат последиците од катастрофата во Чернобил, Москва ни дава возбудлив детективски филм врз основа на теоријата на заговор во која офицер на КГБ се бори да ги спречи американските шпиони - новите негативци во оваа национална трагедија.“

Филмот, наводно, веќе е во продукција, но нема збор кога точно сите ќе се запознаеме со оваа бизарна теорија за заговор во стилот на Кенеди. Барем нема сите ликови да имаат чудни британски акценти како лошите момци во „Ѕвездени војни“.

Вајс

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе