Роџер Вотерс од Пинк Флојд: „Се срамам што сум Англичанец“ поради сагата со Асанж

Додека естаблишментот се обидува да наслика приказна дека Џулијан Асанж е во иста банда со секој можен насилник и терорист во светот - и дека дефинитивно не е новинар - многу „дисиденти“ одговараат на ова перење мозоци.

Еден од нив е легендарниот фронтмен на Пинк Флојд, Роџер Вотерс, кој во интервју за Раша тудеј рече дека се срами што е Англичанец, откако Асанж физички беше отстранет од неговото засолниште во еквадорската амбасада.

„Да помислите дека Велика Британија ќе стане толку покорен соучесник и сателит на американската империја што ќе стори нешто вакво, во спротивност со сите закони, моралните, етичките и вистинските законски ограничувања, е апсолутно неверојатно ужасно и јас се срамам што сум Англичанец“.

Властите на Велика Британија наскоро ќе одлучат дали ќе го депортираат Асанж во Шведска, каде што се соочува со можни обвиненија за силување, или во САД, каде што се бара за заговор со поранешниот воен разузнавачки аналитичар Челси Менинг да пробијат во доверлив државен компјутер.

Второто сценарио би било полошо, смета Вотерс.

Граѓаните „веќе едвај имаат права“ откако беше донесен Патриотскиот акт, и „сè е оставено на каприците на врховниот командант“.

„Ако дозволиме Велика Британија да се извлече со тоа што би дозволила тој да биде екстрадиран во САД, ѝ дозволуваме на владата на Соединетите Американски Држави, по нејзин каприц, да го мачи и да го затвори до крајот на неговиот живот“.

Рок-иконата заврши со шлаканица до Вашингтон и Лондон зашто едноставно сакаат да го замолчат Асанж додека тој ги изложува „темите на тортурата или затворањето невини луѓе“.

„И, исто така, Трамп и другите како него, и Тереза Меј, се обидуваат да ги заплашат сите потенцијални Џулијани Асанжи, кои во иднина би ја давале оваа неверојатно важна услуга за сите нас во општеството“.

Асанж, заедно со Челси Менинг, Едвард Сноуден и другите свиркачи, „се херои што ни помагаат да дознаеме дел од фактите што (моќните) би ги чувале во тајност кога би можеле“.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе