Ретка книга „Хари Потер“ продадена за речиси 100.000 долари

Аукциска куќа во Лондон продаде копија од „Хари Потер и каменот на филозофот“ за речиси 100.000 долари - но пред да почнете да претурате по полиците за книги во надеж дека ќе добиете огромен куп галеони, треба да знаете дека оваа книга била доста ретка.

Книгата била прво издание, прв впечаток за романот што во 1997 година на маглсите им ги претстави Хари, Хермајни, Рон и остатокот од бандата во Хогвортс.

Тоа е една од околу 500-те примероци што постојат, според аукциската куќа Бонамс, и некогаш ѝ припаѓала на првата книжевна агенција на Џ.К. Роулинг.

Книгата, исто така, има неколку печатни грешки, кои ја прават уште поуникатна. Зборот филозоф е погрешно напишан на задната корица, а списокот на потребни училишни материјали за Хари двапати содржи „1 волшебно стапче“.

Бонамс рече дека книгата е продадена за 90.074 долари, па новиот сопственик можеби ќе сака да ја однесе на чување во банката Гринготс.

„Хари Потер и каменот на филозофот“ - или Каменот на волшебникот, како што е позната во Соединетите Американски Држави - е првиот од седумте романи во серијалот.

Минатата година веб-страницата на Роулинг Потермор објави дека се продадени повеќе од 500 милиони книги за Потер на 80 различни јазици.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе