Редиохед галантни откако им хакнаа песни

Групата ги објави хакнатите песни за да собере пари за еколошка акциона група.

Редиохед соопштија дека еден куп необјавена музика им е украдена и дека хакерите им бараат откуп. Но наместо да плати за да го спречи објавувањето на песните, бендот нив ќе ги објави во знак на поддршка за еколошката група Бунт кон истребувањето, објави АП.

Гитаристот Џони Гринвуд на Твитер објави дека минатата недела околу 18 часа материјал од времето околу албумот ОК Компјутер на Редиохед од 1997 година е украден од минидиск-архивата на пејачот Том Јорк.

Гринвуд во вторникот рече дека наместо да ги платат 150.000-те американски долари што ги бараат хакерите, „ги објавуваме сите 18 часа на Бендкемп (сајт за споделување музика) во знак на поддршка на Бунт кон истребувањето.“

Фановите можат да ја купат музиката за 18 фунти во следните 18 дена. Гринвуд изјави дека таа никогаш не била наменета за објава и дека „е само површно интересна“. Бунт кон истребувањето, групата што спроведува протести со директна акција против климатските промени, му се заблагодари на Редиохед „од дното на нашите срца“.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе