Марвел

Пуштете си ги пак овие 3 филма пред да го гледате „Одмаздници: завршница“ (не се тие што мислите)

Ако планирате да го гледате „Одмаздници: завршница“ без да видите ниеден од 21-от филм што му претходат нема да ви биде толку забавно, бидејќи нема да разберете ништо што е поврзано со претходните филмови во франшизата.

Но ако веќе сте виделе сè од универзумот на Марвел, имате време пак да ѕирнете неколку од нив пред да тргнете по Авенџерс 4. И не зборуваме за очигледниот избор, вклучувајќи ги „Капетан Америка: Граѓанска војна“ и „Одмаздници: Војна за бесконечноста“, кои се подлогата на она што следува.

Ако не сте сфатиле досега, „Завршница“ е филм со патување низ времето. Видовме јасни навестувања во трејлерите, кои укажуваа дека барем еден од ликовите патува назад во времето за да изврши опасна мисија. Акцијата е поврзана со следните три филма:

Одмаздници

Првиот филм од франшизата „Одмаздници“ е филмот што ги спојува првите шест херои, фрлајќи ги во жестока битка во Њујорк против никој друг туку армијата на Танос, предводена од Локи.

Тор: Мрачниот свет

Вториот филм во трилогијата за Тор не им беше најнајомилениот на фановите. Но „Мрачниот свет“ ни покажува што се случува кога Тор се обидува да ги среди работите во Азгард и во поврзаните зони по она што се случи на Земјата за време на битката за Њујорк.

Чувари на Галаксијата

Првиот филм од серијата „Чувари“ помага да се поврзат сите други филмови на Марвел. Тој ни претставува еден куп нови херои, како и нови негативци, и нè доближува до Танос преку неговите најблиски, вклучувајќи ги и Гамора и Небула.

Разно

Ако имате уште повеќе време за тепање пред премиерата на „Завршница“, наредните три најважни филма се „Капетан Америка: Граѓанска војна“, „Одмаздници: Војна за бесконечноста“ и „Капетан Америка: Зимски војник“.

Објавено

Четврток, Април 25, 2019 - 14:01

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе