Интервју за Вог

Принцот Хари нема да има многу деца за да ја спаси планетата

Ако принцот Хари има уште едно бебе, тоа ќе биде неговото последно, открива тој во новото интервју со активистката за животна средина Џејн Гудал.

Во дискусијата за нивната загриженост за планетата и нејзините намалени ресурси, Хари ѝ рече на Гудал дека е уште позагрижен за иднината на Земјата откако во мај го добил своето прво бебе, Арчи.

„Но јас отсекогаш сакав тоа да биде така, дури и пред да имам дете и пред воопшто да се надевам дека ќе имам деца“, продолжи тој. Гудал ускокна со предупредување: „Не премногу“, на што Хари одговори: „Две, максимум“.

Си-ен-ен вели дека интервјуто ќе биде дел од септемвриското издание на британски Вог, на 2 август, кое го уредуваше Меган како гостинка.

Коментарот зачуди многумина, со оглед дека братот на Хари има три деца: „Ако принцот Хари сака да има две деца за да ја спаси планетата, дали тој тукушто кажа дека принцот Вилијам има премногу деца?“, се запраша еден корисник на Твитер.

Друг аспект од изданието на Вог, исто така, предизвика наслови за драма меѓу кралските браќа: Инсајдер посочува дека Меган Маркл наводно рекла дека би изгледало премногу „фалбаџиски“ таа да се појави на насловната страница, но нејзината јатрва Кејт Мидлтон се појави на насловната страница на истото списание во 2016 година.

Дејли експрес додава дека на насловната се појавила и принцезата Дајана, и забележува дека некои аналитичари на кралското семејство го гледаат овој потег на Меган како шлаканица кон Кејт.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе