Лиза Мари, која исто така беше пејачка, во четвртокот итно била пренесена во болница бидејќи, како што пишуваат американските медиуми, доживеала срцев удар. Болничарите се обиделе да ја реанимираат во нејзиниот дом, а неколкупати се обиделе да ја оживеат на пат кон болницата каде што таа починала.
Лиза Мари беше родена во 1968 година. Таа продолжи да ги следи стапките на нејзиниот татко и почна музичка кариера. Издаде три албуми, а нејзиниот деби албум во 2003 година беше продаден во стотици илјади примероци и доби генерално позитивни критики.
Таа беше позната во јавноста и по серијата бракови што ги имаше со познати личности, како легендарниот музичар Мајкл Џексон, актерот Николас Кејџ и музичарите Дени Киу и Мајкл Локвуд.
Лиза Мари имаше четири деца, меѓу кои е и познатата актерка Рајли Киу. Нејзиниот син Бенџамин Киу, пак, се самоуби во 2020 година. Таа е сопственик на замокот на нејзиниот татко Грејсленд во Мемфис, популарна туристичка атракција. Лиза Мари имала девет години кога Елвис починал од срцев удар.
Последен пат во јавноста беше видена во вторникот вечерта на доделувањето на златните глобуси во Беверли Хилс, каде присуствуваше заедно со нејзината мајка.