На 97 години

Почина Дорис Деј

Холивудската ѕвезда Дорис Деј, чии филмови ја направија една од најголемите женски ѕвезди на сите времиња, почина на 97 години.

Почина Дорис Деј, пејачката и глумица со меден глас, чии филмски драми, мјузикли и невини сексуални комедии ја направија голема ѕвезда во 1950-тите и 60-тите и е меѓу најпопуларните актерки во историјата. Таа имаше 97 години.

Фондацијата Дорис Деј енимал потврди дека таа починала рано утрово во нејзиниот дом во Кармел, Калифорнија. Фондацијата соопшти дека била опкружена со блиски пријатели.

„Деј беше во одлично физичко здравје за нејзина возраст, сè додека неодамна не доби сериозен случај на пневмонија, што резултираше со нејзина смрт“, соопшти фондацијата.

Со нејзиниот мелодичен алт, русокосата убавина и блескавата насмевка, таа беше профитабилна глумица и пејачка, позната по филмовите како „Шепотење на перница“ и „Тој нежен допир на крзното“ и песните како „Whatever Will Be, Will Be (Que Sera, Sera)“ од филмот на Алфред Хичкок „Човекот што знаеше премногу“.

„Ја сакам радоста; сакам да бидам радосна; сакам да се забавувам додека снимам; сакам да носам прекрасна облека и да изгледам убаво. Сакам да се смеам и сакам да ги смеам луѓето. И тоа е сè што сакам. Тоа ми се допаѓа. Сакам да бидам среќна. Сакам да ги направам другите среќни“, вака еднаш го опиша Дорис Деј својот живот.

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе