Почина Бернардо Бертолучи

Почина Бернардо Бертолучи, чиј легендарен филм „Последниот император“ освои девет Оскари и кој влијаеше на генерации филмаџии со други важни дела како „Конформистот“ и „Последното танго во Париз“, во кои ги истражуваше политиката и сексуалноста преку лично раскажување и смела камера.

Тој почина на 77 години. Неговата публицистка, Флавија Скиави, рече дека Бертолучи починал утрово околу 7 часот од рак.

Најголемиот италијански автор во својата генерација, Бертолучи успеа да работи и во Европа и во Холивуд, иако неговиот однос со студијата имаше свои подеми и падови. Но дури и кога работеше во рамките на системот на студијата, Бертолучи секогаш успеваше да направи филмови што се сметаа за проекции на неговиот внатрешен свет, вели Вараети.

„Последниот император“, адаптација на автобиографијата на последниот императорски владетел на Кина, Пу Ји, доминираше на Оскарите во 1987 година, освојувајќи го во секоја категорија во која беше номиниран, вклучувајќи најдобар филм и најдобар режисер. Со тоа, Бертолучи стана првиот и единствен Италијанец што освоил Оскар за најдобар режисер. „Последниот император“ е меѓу филмовите што освоиле најмногу Оскари и првиот западен филм за Кина направен во соработка со кинеската влада.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе