Меѓународна вселенска станица

Пепелта на Џејмс „Скоти“ Духан можеби е прошверцувана на ИСС

Актерот од „Ѕвездени патеки“ постхумно отпатува во вселената благодарение на приватниот астронаут Ричард Гариот.

Со неговата (лажна) шкотска дикција, „Скоти“ на актерот Џемс Духан е еден од најцитираните ликови од „Ѕвездени патеки“. Сега се чини дека канадскиот актер го има последниот збор, бидејќи неговата претсмртна желба неговата пепел да се однесе на Меѓународната вселенска станица можеби е тајно исполнета, вели Лондон тајмс.

Пепелта на Духан за малку ќе отидеше во орбитата во 2008 година, на третиот лет на ракетата Спејсекс Фалкон 1, но таа не успеа да стигне до орбитата. Потоа НАСА го одби барањето на семејството на Духан неговата пепел да се донесе на ИСС, но тие не се предадоа. Синот на Духан, Крис, наводно го прашал производителот на игри Ричард Гариот - еден од првите приватни „вселенски туристи“ што отпатуваа до вселенската станица - дали може да ја понесе со себе пепелта на татко му.

Во октомври 2008 година Гариот плати 30 милиони долари за да одлета до ИСС, во период кога компанијата наречена Спејс адвенчерс им продаваше билети на приватни граѓани. Тој веќе беше во карантин во Казахстан, но му рече на помладиот Духан дека ако може да му ја испрати пепелта, ќе ја земе со себе. Откако пристигнале, тој ја пластифицирал пепелта во три фотографии од Духан и ги прошверцувал во својата датотека со податоци за летот, рече Гариот за Тајмс.

Едната му ја дал на Крис Духан, а другата одамна е согорена во атмосферата на Земјата откако ја пуштил да лебди во вселената низ атмосферскиот отвор. Сепак, третата фотографија Гариот ја скрил под подот на модулот Колумбос на вселенската станица додека бил на неа. Тој тоа го поткрепи со фотографија, заедно со видео снимено на ИСС, во кое му оддава почит на Духан, но не ја спомнува пепелта.

Гариот за Тајмс изјави дека „помина доволно време“ за сега да може да разговара за приказната, со оглед на тоа што НАСА без сомнение ќе негодувала поради носењето кремирани човечки остатоци на ИСС.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе