Џабе селење

Папараците кампуваат пред домот на Хари и Меган во Канада, адвокатите предупредуваат

Плановите на принцот Хари за „мирен живот“ не одат баш како подмачкано додека им се приклучува на својата сопруга и син во Канада по договорот со кралското семејство да се откаже од кралската функција.

Папараците наводно ги следат војвотката Меган Маркл и принцот Хари и на нивната нова локација во Канада, а нивните адвокати пуштија предупредување.

„Постои сериозна загриженост за безбедноста во врска со тоа како возат папараците и ризикот по живот што го предизвикуваат“, се вели во писмото од адвокатот на поранешниот кралски пар. Испратено е до повеќе медиуми, наведувајќи дека овие фотографии се форма на „вознемирување“.

Во писмото се наведува дека неодамнешните фотографии од Меган Маркл се направени без нејзина дозвола додека фотографот се криел во грмушки. Писмото исто така ги предупредува медиумите да не ги купуваат таквите фотографии бидејќи „ќе бидат преземени соодветни дејства“.

Во писмото се вели дека папараците постојано кампуваат пред нивниот дом за да ги фотографираат додека се дома.

Ако го пропуштивте, видеото од војвотката Камила како реагира на прашањето за Хари и Меган неодамна стана вирално…

 

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе