Ова е хотел. Ако сте доволно храбри

Финската туристичка компанија „Луксузна акција“ нуди затоплени куполи на Арктикот.

Сакате уникатен одмор? Пробајте да спиете со северните светлини и да се будите со поларните мечки.

Финска туристичка компанија смисли начин луѓето да одат на одмор на Арктикот. Наречен Иглу на Северниот Пол, ќе им овозможи на патниците да спијат во едно од 10-те загреани куполи со стаклени тавани, а дење да шетаат на температури помеѓу минус 20 и минус 40 степени.

„Не е за оние со слабо срце“, вели еден научник-истражувач.

Исто така, не е ни за повеќето Земјани, со оглед дека цената е околу 100.000 американски долари.

Џејн Хонканен, која ја создала Луксузна акција, компанијата што стои зад сето ова, признава дека ова не е за секој. „Ние ја обезбедуваме целата опрема“, рече тој за Си-ен-ен. „Но дефинитивно треба да имате дух на истражувач или научник“.

Хонканен се надева и дека посетителите ќе станат „гласници“ до светот во врска со климатските промени. „Навистина сум загрижена за климатската криза на планетата“, вели тој. „Поради климатските промени, не знаеме колку патувања можеме да направиме таму. Северниот пол е глечер“.

Луксузна акција ќе го отвори најсеверниот хотел во светот во април 2020 година.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе