Откриен насловот на новиот филм за Џемс Бонд

Долгоочекуваниот наслов на следниот филм за Бонд конечно е откриен.

25-тиот официјален филм за Џемс Бонд ќе се вика „Нема време за умирање“ (No Time To Die). Веста ја објавија продуцентите на Твитер.

Во филмот, во кој Даниел Крег петти и последен пат ќе го игра 007, ќе глуми и оскаровецот Реми Малек како „мистериозен негативец“.

Авторката на Флибег, Фиби Волер-Бриџ, е еден од писателите. Ралф Фајнс и Бен Вишоу ќе се вратат како Ем и Кју.

Наоми Харис се враќа како Манипени, а Рори Кинеар повторно ќе го глуми шефот на МИ6, Бил Танер.

Леа Сејдо ќе го репризира својот лик Медлин Свон од „Спектар“ во 2015 година, додека Џефри Рајт се враќа како поранешниот агент на ЦИА, Феликс Лејтер.

Филмот е во режија на Кери Jоџи Фукунага, чија биографија ги содржи и првата сезона од „Вистински детектив“ на ХБО и од „Манијак“ на Нетфликс.

Фукунага влезе во екипата минатата година откако Дани Бојл го напушти проектот поради неодредени „креативни несогласувања“.

„Нема време за умирање“ ќе излезе на 3 април во Велика Британија и на 8 април во САД.

Најтврдокорните обожаватели на 007 можеби знаат дека славниот продуцент на Бонд, Каби Броколи, стоеше и зад филмот за воен затвореник од 1958 година наречен „No Time To Die“ (кој беше познат и како „Tank Force“).

Тој филм го режираше Теренс Јанг, кој работеше и на филмовите за Бонд „Д-р Но“, „Од Русија со љубов“ и „Тандербол“.

Негов косценарист беше Ричард Маибаум, кој ги адаптираше приказните за Бонд за речиси секој филм од „Д-р Но“ до „Дозвола за убивање“.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе