Поради пандемијата на ковид-19

Откажана и Евровизија 2020

Годинашниов натпревар за песна на Евровизија е одложен до 2021 година, како резултат на мерките за ублажување на последиците од коронавирусот спроведени од земјите-учеснички, соопштија организаторите.

Во денешното соопштение Европската радиодифузна унија вели дека и покрај истражувањето на „многу алтернативни опции“ за да се овозможи настанот да продолжи како што беше планирано, „неизвесноста создадена со ширењето на ковид-19 низ цела Европа - и забраните што владите ги воведуваат кај учесниците и кај холандските власти - значи дека Унијата ја донесе тешката одлука дека е невозможно да се продолжи со овој настан во живо.“

Околу 182 милиони луѓе го гледаа минатогодишниот натпревар за песна на Евровизија, а учествуваа 41 земја.

Натпреварот во 2020 година требаше да се одржи во Ротердам, Холандија, во неколку фази од 12 мај, а финалето беше планирано за 16 мај. Унијата вели дека „ќе го продолжи разговорот“ со градот Ротердам наместо оваа, да биде домаќин на настанот следната година.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе