May the Forth Be With You

Официјалното видео на „Ѕвездени војни“ за 4 Мај содржи моќна порака на надеж

Денес сите заедно ја славиме Силата. Честито Ден на „Ѕвездени војни“ и Четврти мај нека биде со вас!

Фразата „живееме во тешко време“ е прилично благ опис на она што во моментов го преживуваме - така што баш фино ни доаѓа пораката на надеж во овогодинешното видео на „Ѕвездени војни“.

За одбележување на Четврти мај (May the Fourth), календарскиот датум на кој секоја година фановите на „Ѕвездени војни“ слават, официјалниот профил на франшизата сподели компилациско видео.

Клипот од 100 секунди содржи филмски и ТВ-снимки од тој универзум, од првиот „Ѕвездени војни“ од 1977 година до „Подемот на Скајвокер“ во 2019. Главната тема? Да им помагаме на луѓето по секоја цена, посилни кога сме заедно и имаме надеж дека работите ќе се подобрат.

Четврти мај нека биде со вас за време на овој лош период, кој натежнува кон Мрачната страна.

Објавено

Понеделник, Мај 4, 2020 - 19:02

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе