Стварно го претера

„Нема да добиеш ни цент од мене!“ Џорџ Мартин обвинет дека ги трола обожавателите

Обожавателите на „Престолите“ не се пресреќни од авторот на фантастичниот серијал.

Џорџ РР Мартин добива гневни реакции од обожавателите на „Игра на престолите“ по неговата последна најава.

Читателите на книгите веќе со години ја чекаат „Ветровите на зимата“ - следната книга во серијалот „Песна на мразот и огнот“, но авторот (71) напорно работи на друга книга што служи како инспирација за сосема новиот спин-оф серијал на Ејч-би-о, „Куќа на змејот“.

„Со задоволство најавувам дека 'Мразот & огнот', инспирацијата зад претстојната 'Куќа на змејот', ќе излезе во меки корици на 5 мај во САД, Канада и Велика Британија“, напиша тој, додавајќи: „Ова издание во меки корици ќе содржи 5 нови илустрации. Преднарачките почнуваат наскоро!“

Наместо да добие возбудени реакции од обожавателите, луѓето се бесни што тој повторно ја одложи работата на „Ветровите на зимата“.

„Со задоволство најавува? Во овој момент, ти веќе нè тролаш“, напиша еден фрустриран обожавател, а друг додаде:„ Леле, апдејт што никој не го чекаше! Нема да добиеш ни цент од мене сè додека не се објави 'Ветровите на зимата'“.

И покрај загриженоста, Мартин неодамна им рече на читателите на својот блог дека нема да учествува во никакво пишување за новата серија на Ејч-би-о.

„Очекувам да бидам вклучен во продукцијата на Куќа на змејот. Но… дозволете ми да го направам ова совршено јасно… Не прифаќам никакви сценарија додека не ја завршам и испорачам 'Ветрови на зимата'”, напиша тој. „Зимата сè уште доаѓа - и Ветровите остануваат мојот приоритет, колку и да сакам да напишам некоја епизода на 'Куќата'“.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе