Најстуденото место на Земјата

За планета поволна за живот, ние имаме прилично ниски температури.

Колку може да е студена нашата планета?

Се разбира, тука не се важат моменталните екстремно ниски температури во САД и Канада, кои се резултат на глобалното загревање. Овие пониски температури од нормалното се должат на релативната ослабеност на атмосферските текови, кои инаку помагаат да се одвои поларниот студен воздух од остатокот од планетата. Таа ослабеност е директен резултат на промените предизвикани од глобалното затоплување и антропогените стакленички гасови.

Меѓутоа, актуелниот рекордер за најстудена природна околина на Земјата е едно зафрлено место меѓу две локации во Антарктикот.

Најпознатото место (ако за кое било место на Антарктикот може да се тврди дека е познато) е станицата Восток. Вгнездена длабоко во внатрешноста на континентот на надморска височина од 3.488 метри, оваа истражувачка локација има најниска температура што некогаш е измерена на лице место на површинско ниво, достигнувајќи неверојатни минус 89,2 Целзиусови степени во 1983 година.

Но постои уште еден кандидат за овој рекорд. Куполата Фуџи (или Купола Ф) е речиси 70 степени во должина оддалечена од Восток, но на иста ширина од близу 78 степени на југ, и се наоѓа на околу 3.810 метри надморска височина. Во 2010 година, сателитските податоци за површинските температури на гребен во близина на куполата Фуџи покажаа дури минус 93,2 Целзиусови степени.

Ова екстремно студенило беше бројка за температурата на ледена површина, додека податоците на Восток ја одразуваа локалната температура на воздухот. Во таа смисла, не е многу фер да се споредуваат овие две точки, но веројатно е фер да се каже дека најстудените природни места на Земјата се некаде меѓу највисоките точки на Антарктикот.

Се разбира, тие не се апсолутно најстудените места на Земјата. Тие, доста иронично, постојат токму поради тоа што планетата претежно е многу потопла и погодна за живот за разни површински видови живот.

Навистина, ако живеете во близина на некој голем градски центар, веројатно сте блиску до некое место што се наоѓа на околу минус 263 Целзиусови степени (десет степени над апсолутната нула) - во течниот хелиум на вашиот локален објект за магнетна резонанција. А на некое друго место на планетата, во различни лаборатории може да најдете дури и пониски температури. Сегашниот рекорд е ладење на парче од металот родиум до 0,0000000001 степени над апсолутната нула - што е значително постудено од средната температура на полето на заднинското зрачење на вселената, на околу 2.725 Келвини.

Затоа, ако ви е многу студено, помислете дека пак ќе стане топло, и може да биде многу полошо.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе