Црвенокошуљаши на црвената планета?

На Марс здогледано логото на Ѕвездени патеки (ФОТО)

На најновата слика на НАСА од Марс е откриен неверојатен знак на јужната хемисфера на црвената планета.

Марсовскиот извиднички орбитер, сателит што ја заобиколува планетата еднаш на секои неколку часа, снимил форма што изгледа многу слично на логото на Ѕвездената флота од „Ѕвездени патеки“.

Ова, се разбира, е чиста случајност, ама „треките“ од целиот свет се возбудија.

Природното лого се наоѓа на Хелас Планитиа, рамнина во поголемиот басен Хелас. Научниците сметаат дека областа е формирана од удар од астероид и дека дините во облик на полумесечина (наречени бархан) многу одамна полека се движеле низ областа.

Потоа, некаде по пат, се случила ерупција. Низ Хелас Планитиа течела лава, која ги опколувала дините, но не ги покривала. Како што лавата се ладела, дините изникнувале од овој нов слој како мали острови.

На крај, ветровите на Марс го однеле песокот. Но таа ерозија оставила белег: форма на дина, втисната во долголадена лава.

„Решителните набљудувачи ќе дојдат до откритие дека овие форми значително личат на познатото лого: и ќе бидат во право“, рекоа научниците од НАСА во соопштение, „но тоа е само случајност“.

Марсовскиот извиднички орбитер беше лансиран во 2005 година за да бара докази за вода на Марс. Сега има поминато 13 години во орбитата, и иако неговата примарна мисија заврши во 2010 година, тој се смета за клучна комуникациска врска за олеснување на идните мисии на Марс.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе