Милкшејкот, тој сладок совршен пијалак

Денес во Америка е национален ден на чоколадниот милкшејк, што воопшто не е причина и ние да не си се почастиме со еден непразничен, вкусен, богат, совршен чоколаден милкшејк.

Терминот милкшејк е создаден во 1885 година, кога првпат бил објавен како рецепт со виски како една од состојките. Но дури во 1930-тите првпат почнува да се продава во слаткарниците.

Љубителите на милкшејкот почнале да бараат пијалакот да се подготвува со сладолед, други со млеко во прав, а во Чикаго во 1922 година првпат е продаден чоколаден милкшејк со млеко во прав.

Но чоколадниот милкшејк бил употребуван и со поубиствени цели. ЦИА се обиде да го убие Кубанецот Фидел Кастро во 1963 година со употреба на отровна пилула скриена во чоколаден милкшејк.

Милкшејковите денес се прават со сладолед или млеко и може да се збогатат со сирупи или преливи. Чоколаден милкшејк може да се направи со бела, млечна или темна чоколада, со различни вкусови како Орео и Нутела.

 

Рецепти за чоколаден милкшејк

Најдобриот нутела-милкшејк: Што е подобро од чоколаден милкшејк? Милкшејк од нутела. Измешајте сладолед од ванила, сладолед од лешник, засладено густо млеко, обично млеко и нутела. Потоа блендајте додека не ја добиете посакуваната густина.

Орео милкшејк: Потребни ви се само три состојки за да го направите овој вкусен шејк; Орео колачиња, млеко и сладолед од ванила. Одозгора може да ставите чоколаден прелив.

Милкшејк за алергични од млеко: оние што не смеат да консумираат млечни производи може да стават млеко од соја (или кое било „немлечно“ млеко), урми, какао во прав и замрзнати банани, и да блендаат.

Шејк од бела чоколада и пеперминт: иако нема млечна чоколада, овој шејк ја содржи и дополнителната благодат на ликерот. Ставете мраз во чаша, турете вотка, чавчиња ликер од пеперминт и бела чоколада и млеко. Тресете го како коктел и потоа украсете си ја теглата.

 

Најславниот милкшејк

Се сеќавате на оваа сцена?

Шејкот за 5 долари од „Палп фикшн“, кој денес би вредел 20 долари, го купи госпоѓицата Миа Валас. Денес, тоа е и урбан сленг за нешто што е поскапо отколку што вреди.

Објавено

Четврток, Септември 12, 2019 - 16:09

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе