Марк Хамил: Лук Скајвокер не умре девица

Девственоста на Лук Скајвокер долго време беше жешка тема меѓу обожавателите на „Ѕвездени војни“. Иако официјалниот дел од приказната не ни даде никакви одговори, актерот Марк Хамил има свои ставови во врска со ова прашање. Тој верува дека Лук ја има доживеано сексуалната страна на животот.

Хамил одговори на прашање на Твитер дали Лук умрел како девица. „Направете си своја приказна“, напиша тој. „Не е одредено, но во онаа што јас си ја смислив за него, одговорот е не“.

Хамил во 2017 година се појави на „Лејт лејт шоу со Џејмс Корден“ и му беше поставено истото прашање, но тогаш не одговори. Хамил посочи дека филмовите „Ѕвездени војни“ всушност никогаш не ја опфаќале сексуалноста на возрасните.

Одговорот на Хамил на Твитер има смисла во однос на она што го знаеме за неканонската приказна што тој си ја измисли за ликот и ја сподели со Ентертејнмент викли кон крајот на 2017 година. Тој создаде цело едно сценарио околу Лук што се вљубува во вдовица, заминува од Редот на џедаите и расте дете што трагично умира во несреќен случај со лајтсејбер.

Вниманието што ѝ се посветува на девственоста на Лук делумно произлегува од толкувањата за тоа што им е дозволено, а што не им е дозволено на џедаите. Фановите сè уште дебатираат дали се очекува тие да се воздржуваат од секс. Хамил не помогна да се разјасни ова, велејќи за Ваерд во 2017 дека смета дека џедаите се целибат: „Во спротивно, јас ќе имав девојка до сега“. Сепак, тој одговор може да се смета за шега.

Можеме да се свртиме кон Џорџ Лукас за можен одговор на оваа дебата. „Џедаите не се целибат, она што е забрането се емотивни врски - и посесивни односи“, изјави творецот на „Ѕвездени војни“ за Би-би-си во 2002 година.

Обожавателите на „Ѕвездени војни“ се налепија на твитот на Хамил, а многумина ја споменуваа Мара Џејд, сопругата на Лук во серијата Легенди од Проширениот универзум. За жал на обожавателите на Проширениот универзум, таа не е дел од официјалниот канон на „Ѕвездени војни“.

Мара Џејд беше мажена за Лук во Проширениот универзум

На крај, првиот дел од одговорот на Хамил на Твитер можеби е најважен. Лук Скајвокер е она што обожавателите сакаат да биде, па повелете и направете си своја приказна и одговорете си сами за неговата девственост.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе