Мајкл Џексон му плачел на Марлон Брандо за својот сексуален живот

Барем според еден претстоен поткаст.

Изгледа дека Марлон Брандо еднаш го прашал Мајкл Џексон за неговиот сексуален живот, а поп-ѕвездата станала изненадувачки емотивна. Во „Телефонски приказни: судењата на Мајкл Џексон“, водителот Брендон Огборн чита од транскриптот на Брандо, кој разговара со обвинителите во 1994 година, за обвиненијата за сексуална злоупотреба против поп-иконата. „Тоа главно е брборење, прилично неорганизирано - тој (Брандо) веројатно сега ќе беше отфрлен ако беше сега жив“, раскажува Огборн за ЛА тајмс, додавајќи дека Брандо е „исто толку чукнат како и Мајкл Џексон. Значи, тој за мене е лудак што сфаќа друг лудак во еден луд свет“. Во тоа време, Брандо наводно го учел Џексон како да глуми како замена за часови по танц. Меѓу цитатите на Брандо прочитани од Огборн:

„Зборувавме за човечките емоции и од каде доаѓа сето тоа. Можев да видам од начинот на кој тој се однесуваше - тој зборуваше така, на многу чуден начин за човек што е стар колку мојот најстар син, 35. И не сакаше да пцујам“.

„Го прашав дали е девица и тој се смееше и се кикотеше и ме викаше Брандо. Тој рече: 'О, Брандо'. Јас реков: 'Па што правиш ти за секс?' И тој се однесуваше збунето и засрамено“.

„Рече дека го мразел својот татко и почна да плаче. Затоа јас се повлеков. Почнав да пазам. Сфатив дека има проблематичен живот затоа што живее во некоја недојдија и не можеше да пцуе, а за еден 35-годишен човек да не пцуе, а да биде опкружен со луѓето во шоубизнисот, беше многу чудно“.

„И јас реков, 'Кои се твоите пријатели?'. Тој рече: 'Не познавам никого на моја возраст. Не ми се допаѓа никој на моја возраст'. Јас реков, 'Зошто не?' Тој рече: 'Не знам, не знам'. Тој толку силно плачеше што јас се обидов да го утешам. Пробав да му помогнам најмногу што можам“.

Брандо рекол дека прво мислел дека Џексон е геј, но подоцна сметал дека е „прилично разумно да се заклучи дека тој можеби прави нешто со деца“.

Обвинителите подоцна се откажаа од случајот, откако Џексон се договори со семејството на тужителот за 23 милиони американски долари.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе