Крвава битка со 70.000 литри вино во северна Шпанија (ФОТО+ВИДЕО)

Потопувањето во црвено вино можеби не им е забавно на сите, но тоа е идејата зад една од најпопуларните и најневообичаени - фиести во Шпанија.

 

Градот Харо денеска ја одржа годишната Винска битка во винарскиот шпански регион Риоха.

Организаторите велат дека целта е „најбрзо што можете комплетно да го натопите вашиот сосед со вино“.

Откако рано утрото се одржува миса, почнува да свири музика и учесниците се прскаат сè додека не снема вино (на располагање се 70.000 литри).

Меѓу правилата за учесниците: мора да се облечени во бело, со црвен појас; може да користат водени пиштоли наполнети со вино, градинарски распрскувачи или кофи; и во ниту еден момент за време на битката не смее да престанат да се смеат и да пеат.

Илјадници луѓе од лозјата на Харо и шумите излегуваат натопени од глава до петици.

Настанот се одржува за да се прослави Свети Петар и обилното производство на вино во регионот. Се завршува со голем ручек.

Фестивалот привлекува претежно млади посетители, дури и од Австралија.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе