Најзасрамувачките киксови со облека во спортот

Кога ќе ви се скинат прерамката или панталоните пред очите на милион луѓе (ФОТО)

Спортските настани не се паметат само по интензивните и бескомпромисни битки за награди, рекорди и победи. Понекогаш бизарните инциденти со облеката ги прават натпреварите незаборавни. Еве неколку непријатни, па дури и шокантни епизоди од натпреварите.

1. Екатерина Рублева (уметничко лизгање)

Руската танчарка на мраз Екатерина Рублева во 2009 година се појави на насловните страници, кога случајно ја откри својата града на Европското првенство во уметничко лизгање.

Рублева и нејзиниот партнер Иван Шефер танцуваа кога се скина прерамката на розовиот фустан на лизгачката и ја откри нејзината десна града.

Инцидентот, сепак, не ги спречи спортистите да ја завршат изведбата, а Рублева стана главна ѕвезда на вечерта.

 

2. Габриела Пападакис (уметничко лизгање)

Сличен инцидент се случи и за време на Олимписките игри во 2018 година во Пјонгчанг, кога француското дуо лизгачи Габриела Пападакис и Гијом Сизерон поцрвенеа во лицата по краткиот танц.

Копчето на деколтето на фустанот на лизгачката се откачи само неколку секунди откако почнаа, што значи дека двојката во остатокот од танцот беше концентрирана на спречување горниот дел да падне, наместо да ги изведува техничките елементи од својот танц. И покрај напорите на Пападакис да спречи поголем срам, на крајот на изведбата нејзината лева града се откри додека милиони луѓе го следеа инцидентот на телевизија во живо.

 

3. Џилијан Кук (боб)

Британската натпреварувачка во боб Џилијан Кук случајно си ги скина панталоните за време на Светското првенство во Швајцарија во 2010 година и го покажа својот разголен задник директно пред камерата. Нормално, стана интернет-сензација.

Кук, која се натпреваруваше заедно со Никола Миничело, се подготвуваше да скокне во својата боб-санка кога нејзиниот супертесен костум ненадејно се скина, ставајќи го нејзиниот задник во фокусот на натпреварот.

Камерата, поставена зад спортистката, го сними најсрамотниот момент на целиот шампионат.

 

4. Хенрик Харлоу (скијање во слободен стил)

Шведскиот скијач Хенрик Харлоу дојде опасно блиску до губење на панталоните кога се натпреваруваше во квалификацискиот круг на Олимписките игри во Сочи во 2014 година.

Спортистот, кој тогаш имаше 22 години, почна скок што предизвика панталоните да му паднат до под колена.

„Не мислам дека скијањето со толку ниски панталони е некој проблем“, рече тој по натпреварот. „Така скијам 10 години. Тоа е мојот стил веќе некое време. Се чувствувам навистина пријатно“.

 

5. Колумбискиот велосипедски тим

Колумбиската женска велосипедска екипа беше нашироко дискутирана во 2014 година, кога излегоа во бизарни униформи, кои некои обожаватели ги нарекоа „голи“.

Костумите со боја на кожата предизвикаа вознемиреност на социјалните медиуми и критики од претседателот на Меѓународната велосипедистичка унија (УЦИ), Брајан Куксон, кој ја нарече облеката „неприфатлива според секој стандард на пристојност“.

УЦИ испрати писмо до Колумбиската велосипедистичка унија потсетувајќи ги на нивната одговорност во однос на дизајнот на униформите.

 

6. Кристина Цукала (ватерполо)

Грчката ватерполистка Кристина Цукала се соочи со сериозен инцидент со костимот на Олимпијадата во Пекинг во 2008 година.

Цукала се бореше за топка со својата австралиска противничка Џема Бадсворт, кога оваа го грабна нејзиниот костим за капење откривајќи повеќе отколку што грчката пливачка имаше намера да покаже.

Објавено

Сабота, Мај 25, 2019 - 13:37

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе