Поради „Си беше еднаш во Холивуд“

Ќерката на Брус Ли му се скара на Тарантино

На Кристина Ли не ѝ се допаѓа како е прикажан нејзиниот татко во „Си беше еднаш во Холивуд“.

„Си беше еднаш во Холивуд“ на Квентин Тарантино во Холивуд можеби е популарен и кај критичарите и кај публиката, но најмалку една личност не е задоволна од филмот: ќерката на Брус Ли.

Мајк Моу го игра легендарниот мајстор во боречки вештини во филмот на Тарантино, а (следува спојлер) во него има сцена со борба меѓу Ли и Клиф Бут, ликот на каскадерот што го глуми Бред Пит.

На Кристина Ли не ѝ се допаѓа начинот на кој нејзиниот татко е прикажан во таа сцена, особено идејата дека нејзиниот татко - кој во реалноста се обидувал да избегнува тепачки - би предизвикал некого на тепачка.

„Беше навистина непријатно да се седне во кино и да се слушаат луѓето како му се смеат на татко ми“, вели таа за веб-страницата Рап. „Тој излегува арогантен шупак што многу зборува, а не кажува ништо“. Таа додава дека вистинскиот Брус Ли, како Азиец-Американец во Холивуд во 1960-тите морал да работи многу понапорно од луѓето како белите протагонисти во филмот на Тарантино за да биде сериозно сфатен.

„Можам да го разберам целото тоа расудување зад она што е прикажано во филмот. Разбирам дека двата лика се антихерои и дека ова е некој вид бесна фантазија на она што би се случило... и дека тие прикажуваат еден временски период во кој јасно имаше многу расизам и исклученост“, продолжува таа. „Но не требаше да го третираат (Ли) на начинот на кој тоа го правеше белиот Холивуд кога тој беше жив“.

Метју Поли, експерт за Брус Ли, се согласува со неа и додава: „Со оглед на тоа колку е симпатично Тарантиновото портретирање на Стив МекКвин, Џеј Себринг и Шерон Тејт, изненаден сум што тој не му пристапил со истата учтивост на Ли, единствениот небел лик во филмот“.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе