Капетан Кирк полета во вселената и назад: Блу ориџин успешно слета на Земјата (ВИДЕО)

Вселенското летало Блу ориџин, во сопственост на милијардерот Џеф Безос, направи успешен лет во вселената со четиричлен цивилен екипаж. Главната ѕвезда на овој потфат е актерот Вилијам Шатнер (90), кој ја играше улогата на капетан Кирк во серијата „Ѕвездени патеки".

Фото: ЕПА

Капсулата со четворицата членови на екипажот слета на Земјата.

Со овој лет, Шатнер стана најстарата личност што некогаш летала во вселената. Полетувањето беше закажано за 9 часот наутро по локално време. Првичната намера била вселенското летало Блу ориџин да полета вчера во вселената, но временските услови не го дозволиле тоа.

Пред летот во средата, Шатнер рече: „Постои оваа мистика да се биде во вселената и многу поблиску до ѕвездите и да се биде во бестежинска состојба".

„Ќе бидам воодушевен од погледот на вселената", додаде тој. „Сакам да ја погледнам орбитата и да се восхитувам на нејзината убавина и истрајност".

На Шатнер на 10-минутното патување му се придружија поранешниот инженер на НАСА Крис Бошуизен, ко-основачот на платформата Медидејта Солушнс за клинички истражувања Глен де Врис, и потпретседателката и инженер на Блу Ориџин Одри Пауерс.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе