Каде точно во вселената е Тесла родстерот една година по лансирањето?

Пред точно една година, на 6 февруари 2018, во вселената беше лансиран автомобил на ракетата Спејсекс фалкон хеви. Пред помалку од еден месец, автомобилот беше на растојание од 364 милиони километри од Земјата, сè уште движејќи се со брзина од 7.469 км на час.

Ова се бројки земени од специјализираната веб-страница за следење наречена whereisroadster.com. Не сме 100 отсто сигурни дека се точни, бидејќи не знаеме како типот што е одговорен води сметка за тоа каде се наоѓа автомобилот на такви огромни растојанија. Освен тоа, нешто не чини и во математиката зад бројките објавени таму.

Меѓутоа, кому му е гајле за тоа? Имаме автомобил во вселената.

Со оглед на нашата ограничена способност за следење на многу поголеми небесни објекти, веројатно никогаш нема да знаеме каде се наоѓа родстерот во кое било конкретно време. Можеби ќе падне на Земјата десетици милиони години од сега, па ќе знаеме.

Она за што можеме да бидеме сигурни е дека каде и да е, родстерот со себе носи примероци од човечката генијалност и лудило во еднакви количества.

Во него се наоѓа кукла во вселенско одело наречена Стармен, на таблата има играчка-родстер на „Хот вилс“ со малецок Стармен во неа и петдимензионален оптички диск со копија од романите на Исак Асимов.

Дискот е дел од проектот „Арч мишн“, резултат на идејата човековото знаење да се шири низ целата галаксија со помош на технологијата.

Судбината на родстерот во моментов е непозната. Откако беше лансиран без некоја конкретно одредена крајна дестинација, не може да се каже каде ќе заврши. Сепак, се знае дека нема шанси да се урне на Марс. Во следните милион години шансите да удри во Земјата се 6 отсто. За три милиони години се 11 отсто, итн, итн.

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе

Придобивките од дрвјата за урбаниот екосистем и квалитет на воздухот можат да се зголемат со систематско планирање на зелениот простор. Дизајнирањето на зелените простори во градовите треба да ја опфати и функцијата за чистење на воздухот.

повеќе

На Грците не им е важно дали вечно ќе ја нарекуваат соседната земја „Скопје“, или дали соседите утре сами ќе почнат да се нарекуваат „Република на Осамениот Бор“. Она што ним навистина им е важно е како ја нарекува остатокот од светот.

повеќе