Јапонска зоолошка градина вежба вонредни ситуации: лажен лав, пукање и вистински лавови (ВИДЕО)

Снимка од јапонска зоолошка градина како врши бизарна безбедносна вежба, во која има и вработен во костим на лав и пукање, стана вирална.

Вработените вооружени со мрежи и стапови во зоолошката градина Тобе во префектурата Ехиме во западна Јапонија ги евакуирале збунетите посетители поради предупредувањата за избегано животно. Излегло дека „ѕверот“ е член на персоналот во костим на лав, кој стварно се внел во улогата, па замавнувал кон колегите што премногу ќе му се доближеле.

Во меѓувреме, на снимките од годишната безбедносна вежба што ги направиле јапонските медиуми се гледаат неколку вистински лава, кои од безбедноста на својот затворен простор со „одвратност“ гледаат кон навистина чудниот спектакл.

Конечно, подготвеноста на персоналот за вонредни ситуации била доведена до кулминација така што „лавот“ бил зашеметен со лажен пиштол.

„Сега ми е скроз јасно дека ако некогаш лав избега од зоолошка градина во Јапонија, комплетно ќе ја уништи цела популација“, напиша еден твитер-корисник.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе