Излезе првиот трејлер за „Ѕвездени патеки: Пикард“!

Излегува во почетокот на 2020.

Денеска на Сан Диего Комик-кон, Си-би-ес го прикажа целиот трејлер за својата претстојна серија, „Ѕвездени патеки: Пикард“, со постара верзија на ликот на Патрик Стјуарт, кого е извлечен од пензија. Серијата ќе почне да се емитува во почетокот на 2020 година.

Дејството ќе се случува повеќе од 20 години по настаните на „Ѕвездени патеки: Наредната генерација“, која се емитуваше помеѓу 1987 и 1994 година, и нејзините филмски продолженија, Генерации (1994), Првиот контакт (1996), Побуна (1998) и Немезис (2002).

Во мај Си-би-ес објави маглив тизер во кој го видовме Пикард како ужива во своето пензионирање од Ѕвездената флота. Во трејлерот е прикажан остарениот Пикард, кој се обидува да го заборави своето минато, но му приоѓа млада жена на која ѝ треба помош. Тој оди во Федерацијата да се обиде да помогне и се наоѓа себеси повторно вратен во приказната. Попат, гледаме некои од познатите ликови и реплики.

Во оваа нова серија ќе се појават неколку познати лица: командантот Вилијам Рајкер, кого го игра Џонатан Фрејкс; Дијана Трој, глумена од Марина Сиртис; Дејта, игран од Брент Спинер; поранешниот Борг дрон по име Хју, глумен од Џонатан Дел Арко; и Севн Оф Најн од „Ѕвездени патеки: Војаџер“, глумена од Џери Рајан. Во серијата исто така ќе бидат и Алисон Пил, Хари Тредавеј, Иса Брионс, Сантијаго Кабрера и Мишел Херд.

Неделава извршниот продуцент Алекс Курцман и авторот Мајкл Шабон за Ентертејнмент викли рекоа дека во серијата ќе го видиме „постариот, опседнат“ Пикард како се враќа во вселената, но не мора да значи дека таму ќе се врати како дел од Ѕвездената флота. А за разлика од „Наредната генерација“, серијалот ќе има посовремен, сериски формат.

Објавено

Сабота, Јули 20, 2019 - 23:00

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе