„Игра на престолите“ конечно им ја подари на фановите емотивната средба што ја чекаа со години

Предупредување: оваа статија содржи спојлери за премиерата на осмата сезона на „Игра на престолите“.

Од Арја и Загарот до Тирион и Санса, премиерата на „Игра на престолите“ беше преполна со долгоочекувани повторни средби меѓу омилените ликови на обожавателите. За многу гледачи, најемотивна беше средбата на Џон и Арја, кои се немаа видено уште откако Џон ѝ го подари на Арја нејзиниот верен меч Игла во втората епизода од серијата.

Откако првпат по многу години накратко го ѕирна додека јаваше кон Винтерфел во поворката на Денерис, Арја почека додека Џон да остане сам во божјата шума за да зборува со него. Но по емотивната прегратка, таа не пропушти да го потсети дека, иако го свиткал коленото пред Денерис, тој е Старк.

„Џон Сноу и Арја се два од најважните ликови во приказната и тие многу се сакаат“, објасни авторот Дејвид Бениоф. „Арја беше единствената што се однесуваше кон Џон како кон вистински член на семејството кога тој беше дете, а тој беше единствениот што ја третираше со почитта што ѝ беше потребна кога таа беше дете. Џон ја поканил таа огромна војска од странци во нивниот дом и Арја знае зошто го сторил тоа, но Арја е на страната на Санса. Крвта дефинитивно не е вода кога станува збор за Старкови.“

Старкови конечно пак се заедно.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе