Hello there! Дизни прави серија за Оби-Ван со Јуан Мекгрегор

Гласините веќе некое време го навестуваа тоа, а фановите се молеа да се оствари... и се оствари: Јуан Мекгрегор ќе се врати во улогата на Оби-Ван Кеноби во нова серија на Дизни+!

Дизни неделава ја кажа веста на панел на фан-клубот Д23, речиси веднаш откако го претстави трејлерот за својата друга серија од универзумот „Ѕвездени војни“, „Мандалоријан“.

Сè уште нема многу детали. Серијата нема ни официјално име. Освен учеството на Мекгрегор, единствените спомнати детали се дека сценариото е напишано и дека снимањето треба да почне во 2020 година.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе