Да не се претера малку?

ХБО го отстрани „Однесено од виорот“ од каталогот од „расистички причини“

Стриминг-сервисот рече дека планира некогаш да го врати овој филм од 1939 година „со дискусија за неговиот историски контекст“.

ХБО макс го отстрани од својот каталог „Однесено од виорот“, филмот од 1939 година што долго време се сметаше за триумф на американското кино, но филм што го идеализира Југот од ерата на граѓанската војна заедно со неговите расни гревови, вели Њујорк тајмс.

Стриминг-сервисот вети дека некогаш ќе го врати филмот „со опис на неговиот историски контекст“, осудувајќи ги неговите расни грешки, рече портпаролот во вторникот.

Со дејство што се одвива на една плантажа и во Атланта, филмот освои повеќе награди од Академијата, меѓу кои и за најдобар филм и за најдобра споредна глумица за Хети Мекданиел, првата Афроамериканка што освоила Оскар, и останува меѓу најпознатите филмови во кинематографската историја.

Но неговата розово обоена слика на предвоениот Југ и неговото слепило за ужасите на ропството веќе долго време се критикувани, а тоа се врати неделава, кога протестите за полициската бруталност и смртта на Џорџ Флојд продолжија да ги вовлекуваат САД во широка дебата за расите.

Врз основа на книгата на Маргарет Мичел од 1936 година, филмот ја прикажува љубовната врска на Скарлет О’Хара, ќерка на сопственик на плантажа, и Рет Батлер, шармантен коцкар. Критичарите долго негодуваат дека робовите се прикажани како добро третирани, задоволни и лојални на своите господари, мотив што не ја отсликува реалноста на тоа како биле принудени да живеат поробените луѓе.

„'Однесено од виорот' е производ на своето време и прикажува некои од етничките и расните предрасуди што, за жал, се вообичаени во американското општество“, рече портпаролот на ХБО макс. „Овие расистички прикази беа погрешни тогаш и се погрешни денес, и сметавме дека да се задржи овој филм без објаснување и осуда на тие прикази ќе биде неодговорно“.

ХБО макс, сопственост на АТ&Т, го повлече филмот во вторникот, еден ден откако Џон Ридли, сценаристот на „12 години роб“, напиша колумна во Лос Анџелес тајмс, повикувајќи на негово отстранување. Ридли рече дека сфаќа дека филмовите се снимки од нивниот момент во историјата, но дека „Однесено од виорот“ сè уште се користи како „покритие за оние што лажно тврдат дека држењето до иконографијата од ерата на плантажите е прашање на 'наследство, а не омраза'“.

„Тоа е филм што, кога не ги игнорира ужасите на ропството, запира само за да овековечи некои од најболните стереотипи на обоените луѓе“, напиша тој.

Од неколку аспекти филмот беше еден од најуспешните во американската историја. Доби осум од највисоките Оскари и остана најпрофитабилниот филм на сите времиња.

Во 1998 година се најде на шестото место на листата на најголеми филмови на сите времиња на Американскиот филмски институт.

Иронично, филмот беше заслужен за она што во тоа време се сметаше за напредок во Холивуд - Хети Мекданиел, која ја играше робинката Мами, ја освои наградата на Академијата за најдобра споредна актерка - првиот Оскар што некогаш отишол кај Афроамериканец. Таа беше и првиот Афроамериканец што беше номиниран.

Вивиен Ли како Скарлет О'Хара и Хети Мекданиел како робинката Мами

Следниот црн актер што ќе биде номиниран е Етел Вотерс десет години подоцна за филмот „Пинки“, а третиот што ќе победи ќе биде 24 години по победата на Мекданиел, кога Сидни Поатје стана најдобар актер за „Лилиите од полето“ од 1963 година.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе