„Страв ми е што историјата се повторува“

Хари мошне емотивно нападна британски таблоид, а Меган тужи

Војвотката од Сасекс поднесе тужба против Мејл он сандеј, кој објави нејзино приватно писмо. Принцот Хари невообичаено и мошне емотивно го нападна таблоидот, велејќи дека веќе не може да биде „нем сведок на нејзиното лично страдање“.

Војвотката од Сасекс, или, како што беше позната пред да се омажи за принцот Хари, Меган Маркл, тужи британски таблоид затоа што нелегално објавил лично писмо што го напишала таа. Портпаролот на адвокатската фирма што го води случајот во неделата рече дека „наметливото“ објавување на писмото на Мејл оф сандеј било повреда на авторските права, злоупотреба на приватни информации и повреда на законот за заштита на податоците.

Нејзиниот сопруг, пак, принцот Хари, на официјалната веб-страница на парот го обвини таблоидот дека ја оцрнувал неговата сопруга во текот на нејзината бременост и породилно отсуство.

Истакнувајќи ја својата почит кон важноста на „објективното, вистинито известување“, тој обвини дел медиуми дека „водат кампањи против лица без да размислуваат за последиците“ и го спореди третманот кон Меган со известувањето за неговата мајка, принцезата Дајана.

„Мојот најголем страв е што историјата се повторува“, напиша тој.

„Имам видено што се случува кога некој што јас го сакам се комерцијализира до степен што веќе ниту се третира ниту се гледа како вистинска личност. Ја загубив мајка ми и сега ја гледам мојата сопруга како жртва на истите моќни сили“.

„Доаѓа момент кога единствената работа што човек може да ја стори е да му се спротивстави на ваквото однесување, затоа што тоа уништува луѓе и уништува животи. Едноставно кажано, тоа е силеџиство, кое ги плаши и ги замолчува луѓето. Сите знаеме дека ова не е прифатливо, на кое било ниво. Не можеме да веруваме во свет во кој нема одговорност за ова.“

„Содржината на приватното писмо беше објавена незаконски на намерно деструктивен начин за да те манипулира тебе, читателот, и да ја продлабочи разорната агенда на односната медиумска група“, напиша тој. „Покрај нивното незаконско објавување на овој приватен документ, тие намерно те доведоа во заблуда со стратегиско изоставување на избрани параграфи, конкретни реченици, па дури и на посебни зборови, за да ги маскираат лагите што опстојуваат повеќе од една година“.

Мејл он сандеј во соопштението вели дека стои зад сторијата што ја објавил и дека енергично ќе го брани овој случај. „Конкретно, категорично негираме дека писмото на војвотката е уредувано на каков било начин за да се смени неговото значење“.

Базфид објави дека тужбата се однесува на писмо од војвотката до нејзиниот татко, кое таблоидот го објавил во февруари.

Мејл он сандеј објави повеќе срамни стории во врска со таткото на војвотката, Томас Маркл, вклучувајќи и инсценирани папараци-фотографии на кои тој е во интернет-кафе и чита за свршувачката на својата ќерка со принцот.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе