Си-ен-ен

Гневниот Де Ниро го испцу Трамп сосе Фокс њуз (ВИДЕО)

Доналд Трамп „не треба да биде претседател. Точка“, рече Де Ниро.

Роберт де Ниро го заболе дали Фокс њуз не ги сака неговите отворени критики кон претседателот Доналд Трамп. Одговарајќи на прашањето на Си-ен-ен во неделата наутро: „Кога зборувате така, луѓе на Фокс ве напаѓаат. Се сеќавам на Тони кога станавте и почнавте да пцуете“ - а Де Ниро му одговори, „Кој ги ебе. Кој ги ебе.“

Новинарот на тоа му рече: „Ова е кабелска, па затоа не станува збор за повреда на закон, ама сепак е недела наутро… Зошто зборувате така?“

Де Ниро одговори: „Ние сме во еден момент од нашите животи во оваа земја кога овој човек е како гангстер. Дојде, кажа некои ствари, направи некои ствари. Ние пак и пак велиме: 'Ова е страшно, во ужасна ситуација сме, ужасна ситуација.' А тој човек продолжува и понатаму без да биде запрен.“

Се разбира, ова не е првпат, па дури ни стоти пат Де Ниро да зборува против Трамп. Актерот е гласен критичар на претседателот, нарекувајќи го „несовесно, лажливо ѓубре“, па дури во „Сабота вечер во живо“ го играше специјалниот обвинител Роберт Мaлер.

„Овој е полош отколку што некогаш можев да замислам“, рече актерот, „Мислам дека тој просто е луд… Типот е луд. Мораме да го избркаме.“

Објавено

Понеделник, Септември 30, 2019 - 13:44

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе