Питер Мејхју

Глумецот што го играше Чубака, „најнежниот од џиновите“, почина на возраст од 74

Питер Мејхју, актерот што го играше Чубака во филмовите „Ѕвездени војни“, почина на 74 години, соопшти неговото семејство.

Тој почина во својот дом во Тексас на 30 април, опкружен со своето семејство, се вели во соопштението.

Британско-американскиот актер го играше Вуки-воинот Чубака во оригиналната трилогија почнувајќи од 1977 година, како и во подоцнежните филмови сè до 2015 година.

„Ги внесе срцето и душата во улогата на Чубака и тоа се покажа насекаде“, рече неговото семејство.

Марк Хамил, кој го играше Лук Скајвокер во оригиналните филмови „Ѕвездени војни“, го опиша Мејхју како „најнежниот од џиновите“.

„Голем човек со уште поголемо срце, кој никогаш не пропушти да ме насмее и верен пријател што бескрајно го сакав“, напиша Хамил на Твитер.

Креаторот на „Ѕвездени војни“, Џорџ Лукас, сакал висок актер да го игра Чубака - но првично за улогата го сметал Дејвид Проус, висок 1,98 м.

Меѓутоа, Проус сакал да го игра Дарт Вејдер, па Лукас се свртел кон Мејхју, кој со своите 2,18 м бил избран чисто поради неговата висина. Неговото лице никогаш не беше видено во филмовите „Ѕвездени војни“.

„Се избори закован за инвалидска количка да застане на нозе и уште еднаш го портретираше Чубака во 'Ѕвездени војни: Силата се буди'“, рече неговото семејство.

Мејхју, исто така, бил консултиран и за „Последниот џедај“, објавен во 2017 година, во обид да му ги пренесе тајните на улогата на својот наследник од Финска, Јонас Суотамо.

Семејството на Мејхју вели дека „семејството на Ѕвездени војни му значеше многу повеќе отколку една улога во филм“.

„Односите што почнаа да се градат потоа прераснаа во пријатели и семејства што тој ќе ги сака во наредните децении“.

Во соопштението се вели и дека актерот бил „во голема мера ангажиран“ со непрофитните организации и покренал своја сопствена фондација, која, велат, им помагала „на сите, од поединци и семејства во кризни ситуации, до храна и други потребни работи за децата во Венецуела“.

Семејството на Мејхју не кажа што е причината за неговата смрт.

На 29 јуни ќе се одржи меморијална служба за пријателите и семејството, а во декември ќе се одржи посебен меморијал за обожавателите, се вели во соопштението.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе