Финалето на „Игра на тронови“ заврши буквално на местото каде што почна серијата

Што значи тоа?

Заврши сагата „Игра на престолите“, и во потег што не е невообичаен во историјата на телевизијата, крајот на серијата се врати на почетокот. Всушност, серијата буквално заврши на истото место каде што почна.

Финалето на серијата, „Железниот престол“, и првата епизода, „Зимата доаѓа“, се фокусираа на драматуршката верига во неа: Северот. И во таа значајна трошка на паралелизам, серијата нè потсети на потеклото на луѓето од Вестерос. Ајде да тргнеме на пат низ времето за да откриеме што значи сето тоа.

Текстот што следува содржи големи спојлери за Игра на престолите по завршувањето на финалето на серијата „Железниот трон“.

 

Како заврши Игра на престолите?

Крајот од последната епизода на серијата ни ги покажа судбините на четирите преживеани члена на куќата Старк. Најмладиот од кланот Старк, Брендон Старк, служи како владетел на Вестерос: Брен Скршениот, Прв од своето име, Крал на Андалите и на Првите луѓе, Господар на шесте кралства и Заштитник на царството. (Брон, Господарот на монетата, најверојатно бара буџет за изградба на нов престол достапен за инвалидски колички, со оглед на тоа што Дрогон го стопи Железниот.) Арја Старк отплови на запад за да го истражува светот „каде што запираат сите мапи“. Санса Старк е кралица на Северот, лидер на регионот што повторно е независно кралство.

А Џон Сноу, човекот што накратко беше познат (на неколкумина одбрани) како Егон Таргериен, не може сам да си го избере сопствениот крај. Како резултат на компромисот меѓу Беспрекорните (кои ја бараат главата на Џон затоа што ја уби нивната кралица, Денерис) и Старкови, Џон е прогонет во Ноќната стража. (Кога Тирион му ја кажува неговата судбина, одговорот на Џон е ехо на она што сите го помисливме: „Сè уште има Ноќна стража?“)

Џон се упатува кон север до Црниот замок, каде што се среќава со стариот пријател од дивјаците Тормунд Џаентсбејн и група Слободни луѓе. (О, и уште еден стар пријател: страховолкот на Џон, Гоуст.) Во последните моменти од епизодата, тројцата јаваат на север од Ѕидот, на чело на дивјаците.

 

Чекај, како почна Игра на престолите?

Најпрвиот кадар на Игра на престолите покажува тројца ренџери на Ноќната стража - Џеред, сер Вејмар Рус и Вил - на коњи кај Црниот замок, како чекаат да се крене портата до тунелот низ Ѕидот.

Ноќната стража е одговорна за патролирање на областите зад Ѕидот, за чување на тамошната Опседната шума од закани како што се страховолците и дивјаците.

Групата се упатува кон Опседнатата шума за да ги испита информациите дека кон Ѕидот се приближуваат дивјаци. Вил наидува на група дивјаци што биле масакрирани, нивните тела распарчени и деловите наредени во чудна форма.

Кога ги вика своите другари, тие се враќаат на местото и гледаат дека телата ги нема. На крај немртвото тело на некое дивјачко девојче почнува да го брка Вил и тој ќе налета на Бел одач како го обезглавува Џеред. Преплашен, Вил бега на југ и завршува заробен во близина на Винтерфел, каде што Нед Старк го убива поради дезертерство.

 

Што значи последниот кадар од финалето на серијата?

Луѓето што живеат северно од Ѕидот се нарекуваат Слободен народ; жителите на Седумте кралства на Вестерос се тие што подбивно ги нарекуваат „дивјаци“. (За возврат, Слободниот народ сите други ги вика „врани“ и „јужњаци“.) Слободниот народ, како и жителите на Северот, се потомци на Првите Мажи - првите луѓе што го населиле континентот Вестерос, следејќи ги Децата Од Шумата.

Војната против Ноќниот крал, Белите одачи и нивната армија од мртви луѓе ги принудуваат Слободните луѓе да направат нешто што никогаш немаше да го сторат под нивниот поранешен лидер Менс Рејдер: ветуваат дека ќе му се приклучат на Џон Сноу и ќе се борат заедно со „јужњаците“ на страната на живите. Но како што Тормунд му вели на Џон во 8. сезона, епизода 4, „Последните Старкови“, Северот „не им е дом“ на Слободните луѓе; тој планира да ги однесе кај Црниот замок, а потоа „назад каде што припаѓаме“ - леденото пространство зад Ѕидот.

На самиот крај на последната епизода, Џон ги придружува Тормунд и дивјаците додека патуваат северно од Црниот замок. Тој повторно е лорд командант на Ноќната стража, таа легендарна група изгнаници: мечот во мракот, стражарот на ѕидовите, штитот што ги чува царствата на мажите. Тие влегуваат во Опседнатата шума, исто како и тројцата ренџери во најпрвата епизода. На времето Слободниот народ ѝ беше непријател на Ноќната стража, заедно со Белите одачи, кои демнеа во шумата. Сега, откако Ноќниот крал е елиминиран засекогаш, тие се пријатели.

На некој начин, крајот на Игра на престолите го задржа статус квото. Походот на Дени да го „скрши тркалото“ успеа само да ја замени наследната монархија на Вестерос со... олигархија во која Големите куќи на Вестерос ќе продолжат да се борат за власт.

Џон ја предводеше мисијата да се поразат Белите одачи и да се спаси човештвото. Но како некој што пораснал како копиле, тој доброволно ѝ се приклучи на Ноќната стража во почетокот на сезоната 1; Џон никогаш не го сакаше Железниот престол за себе, бидејќи никогаш не мислеше ни дека ќе биде еден од лордовите на Вестерос, а камоли крал. Големиот совет сега ќе гласа за избор на новите монарси на Шесте кралства и изгледа сосема океј тоа дека единствената личност со најлегитимно наследно право на престолот нема да учествува.

Наместо да се интегрира во вестероското општество, Слободниот народ се враќа во домот на своите предци северно од Ѕидот. Иако сега има мир меѓу нив и „враните“, тие сепак ќе живеат сами - иако се членови на човечката раса, исто како и лордовите, дамите и обичните луѓе на Вестерос. Песната за мразот и огнот заврши, и Играта на престолите заврши, но тркалото продолжува да се врти.

Извор: Полигон

Сегашниот изборен модел е причината и генераторот  на сите проблеми на општественото и политичпко уредување на Македонија.

повеќе

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе