Ема Корин ќе ја игра принцезата Дајана во „Круната“

Глумицата рече дека ќе се стреми верно да ја пренесе Дајана во четвртата сезона на серијата на Нетфликс.

Британската глумица Ема Корин ќе ја глуми Дајана, принцезата од Велс, во четвртата сезона на реномираната серија „Круната“ (The Crown), откако „веднаш ги пленила“ режисерите.

Нетфликс ја потврди одлуката во твит, додавајќи дека снимањето на сезоната ќе почне оваа година. Корин рече дека е „мошне возбудена и почестена“.

„Залепена сум на оваа серија уште од првата епизода и фактот дека сега му се приклучувам на ова неверојатно талентирано семејство е надреален. Принцезата Дајана беше икона, а нејзиното влијание врз светот останува длабоко и инспиративно. Да добиете шанса да ја истражувате преку делото на Питер Морган е најизвонредната можност, и јас ќе се трудам верно да ја пренесам“.

Таа ѝ се приклучува на актерска екипа во која се Оливија Колман, која ќе ја замени Клер Фој како кралицата Елизабета во третата сезона, која ќе биде прикажана годинава, и Хелена Бонам Картер, која ќе ја игра принцезата Маргарет.

Авторот на серијата Морган рече: „Ема е брилијантен талент, кој веднаш нè освои кога влезе за улогата на Дајана Спенсер. Покрај тоа што ги има невиноста и убавината на младата Дајана, таа ги има и, во изобилство, распонот и комплексноста да прикаже една извонредна жена, која од анонимна тинејџерка стана најлегендарната жена на својата генерација“.

Втората сезона на „Круната“ зеде пет Еми награди, меѓу кои и за најдобра актерка за Фој и за најдобар режисер на драма за Стивен Далдри.

Дајана беше во брак со принцот од Велс од 1981 до 1996 година. Загина во Париз во сообраќајна несреќа во 1997 година. Беше позната по нејзиното залагање за добротворните цели, вклучувајќи ја и нејзината работа за справување со ХИВ и сида.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе