„Ѕвездени патеки: Пикард“ ќе излезе на 23 јануари 2020 (ВИДЕО)

А првата епизода од втората сезона на „Кратки патеки“ може да ја изгледате веднаш.

Годинашниов Њујоршки комик кон им донесе многу радост на обожавателите на „Ѕвездени патеки“.

За почеток, Си-би-ес потврди дека нивната серија „Ѕвездени патеки: Пикард“ премиерно ќе излезе на 23 јануари 2020 година. Нема да мора да чекаме предолго за да видиме што се случува со најпознатиот капетан на Ѕвездената флота од неговото последно појавување. Си-би-ес полека ќе ни пушта по една епизода секој четврток додека да заврши првата сезона од 10 епизоди. За среќа, дотогаш ќе имаме и друг свеж материјал за гледање.

Како прво, Си-би-ес ја објави првата од своите миниепизоди „Кратки патеки“ - може да ја гледате веднаш. Таа ја раскажува приказната за првиот ден на Спок во Ентерпрајз и за проблемите што се појавуваат кога ќе се заглави во лифт со Број Еден. Идните епизоди ќе се појават на 10 октомври, 14 ноември, 12 декември и 9 јануари.

На Собирот беше пуштен и тизер за третата сезона на „Дискавери“. Како што знаат гледачите, следново поглавје го фрла екипажот на „Дискавери“ во далечна иднина (930 години подоцна, да бидеме прецизни) каде што сè е неизвесно - вклучително и судбината на свесниот живот. Си-би-ес сè уште не кажа кога ќе биде премиерата на сезоната 3, освен отприлика 2020 година, но нема да нè изненади ако медиумскиот гигант му даде на Пикард простор за дишење.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе