Џон Оливер за туристичката индустрија на Монт Еверест

За некои луѓе, достигнувањето на врвот на Монт Еверест претставува најголемото од сите човекови достигнувања.

Ама дали стварно е?

Во најновата епизода на „Минатата недела вечерва“, Џон Оливер внимателно ја разгледува проблематичната туристичка индустрија што го опкружува највисокиот врв на светот - од екстремно високите нивоа на ризик што ги преземаат шерпасите до големиот број недоволно квалификувани планинари донесени тука од сомнителни компании.

„Видете, ние никогаш нема да го сведеме бројот на умирања на Еверест на нула“, објаснува Оливер. „[...] Но постојат чекори што Непал може да ги преземе за да се справи со ризиците овде. Како на пример да се намали бројот на дозволите за да се спречат гужви, да се оддалечат експедициите и да се постават строги ограничувања на бројот на компаниите што можат да работат - работи што другите планини ги направија.“

„Но додека Непал не го стори тоа, таму и понатаму ќе има умирања што можело да бидат спречени“.

Објавено

Вторник, Јуни 25, 2019 - 16:18

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе