Џенифер Анистон: Носете ги тие проклети маски

Американската актерка Џенифер Анистон ги повика сите луѓе да ги носат „тие проклети маски“ за да се заштитат од пандемијата на коронавирусот.

Глумицата на својот профил на Инстаграм објави своја фотографија со маска.

„Сфаќам дека маските се непријатни и неудобни. Но зарем не мислите дека е полошо тоа што компаниите се затвораат... луѓето остануваат без работа... здравствените работници дојдоа до точка на апсолутна исцрпеност. А овој вирус однесе толку многу животи, затоа што не направивме доволно“, напиша Анистон во својот пост на Инстаграм.

„Јас навистина верувам дека луѓето во суштина се добри, така што мислам дека заедно можеме да го сториме сето ова… НО сепак, има многу луѓе во нашата земја што одбиваат да ги преземат потребните чекори за да ја израмнат кривата и да направат да бидеме безбедни едни од други“, додаде таа.

Анистон, исто така, истакна дека „многу луѓе се загрижени дека им се одземаат правата затоа што од нив се бара да носат маски“.

„Оваа едноставна и ефективна препорака се политизира на штета на човечките животи. И навистина не треба да биде предмет на дебата. Ако се грижите за човечките животи, ве молам... само #носетејапроклетатамаска (#wearadamnmask) и влијајте врз луѓето околу вас да го прават истото“, напиша Анистон.

View this post on Instagram

I understand masks are inconvenient and uncomfortable. But don’t you feel that it’s worse that businesses are shutting down... jobs are being lost... health care workers are hitting absolute exhaustion. And so many lives have been taken by this virus because we aren’t doing enough. ⠀ ⠀ I really do believe in the basic goodness of people so I know we can all do this 🥰 BUT still, there are many people in our country refusing to take the necessary steps to flatten the curve, and keep each other safe. People seem worried about their “rights being taken away” by being asked to wear a mask. This simple and effective recommendation is being politicized at the expense of peoples’ lives. And it really shouldn’t be a debate 🙏🏼 ⠀ ⠀ If you care about human life, please... just #wearadamnmask 😷 and encourage those around you to do the same ❤️

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston) on

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе